Со поставувањето на првите метри асфалтен слој, во близина на големите паркинзи, беше означен почетокот на работите на рехабилитацијата на регионалниот пат Маврово-Маврови Анови. Вредноста на овој, за Маврвоскиот регион, важен инфрстаруктурен зафат, изнесува над 76 милиони денари (1,2 милион евра), средства обезбедени од заем од Светска Банка.Од Јавното Претпријатие за Државни Патишта информираат дека до февруари идната година, ова …
повеќе »skimacedonia
Објава на Федерација на планинарски спортови во Македонија до планинарските друштва
ДО СИТЕ ПЛАНИНАРСКИ КЛУБОВИ Комисијата за високогорство и експедиции при ФПСМ, Ве известува дека од Планинарската федерација на Турција, има добиено покана за учество на 15-тото Меѓународно искачување на Арарат-5137м, кој се наоѓа на тромеѓето помеѓу Турција, Ерменија и Иран. Според програмата, искачувањето ќе се одржи во периодот од 28 до 31 Август 2014 година. Од секоја планинарска федерација до …
повеќе »До Голем Крчин за празникот Преображение Господово
На 19-ти во реканското село Битуше (900нмв) се слави празникот Преображение Господово. По повод овој празник мештаните како и многу гости кои доаѓаат во селото организирано посетуваат една малечка планинска црквичка (1889нмв) која се наоѓа во подножјето на врвот Голем Крчин (2341нмв). Тргнување 19-ти Август во 06:00 часот од месноста Драга (1090нмв) кај скитот на Св. Јован Бигорски (поранешната караула) …
повеќе »Летно искачување на Титов Врв
Планинарскиот клуб -„ЈЕЛАК“ Тетово и планинарскиот клуб – „ТЕТЕКС“ Тетово организираат летно искачување на највисокиот врв на Шар Планина – ТИТОВ ВРВ. Планинарскиот настан ќе биде организиран на 23 и 24 Август 2014 година.Шар Планина, најголемата планина во Македонија е 80 километри по должина и 30 километри во широчина. Таа како млада планина со својот глацијален рељеф изобилува со прекрасни …
повеќе »Над Ниќифорово со верниот пес
врв Сандакташ, 1981 м.н.в., 2 август 2014 Од Бистра го познавам секој рид. Секој пристап. Секое село и патека. Сезонава на врвот Меденица бев десет пати. Тоа му доаѓа отприлика по еднаш месечно па и повеќе. Дали од Маврово, Кичиница, дали од Галичник, од Бачилото кај Тони вода, сум пристапувал и од Беличица, од Царевец, па дури и од Лазарополе. …
повеќе »„Мало Мијаче“ ликовна работилница во Лазарополе
Во пресрет на големиот македонски празник Илинден во планинското село Лазарополе, на падините на Бистра, на 1.350 метри надморска височина, опиени од најчистиот воздух на Балканот, пеесетина дечиња на возраст од 3 до 12 години беа дел од ликовната работилница „Мало Мијаче“. За содржината и за начинот на реализација се погрижи академската сликарка Јана Манева Чупоска, која исто така е задолжена …
повеќе »Непрегледните пространства на Осоговијата
Кратово, Лисец, врв Бреза, Осоговска планина 26-28 јули 2014 Кога говориме за планините во Македонија и нивните врвови обично мислиме на западот, на младите масиви и нивните силни врвови кои ненадејно се издигаат во остри врвови. Нив и почесто ги посетуваме, секако поради својата моќ, надморска висина, но можеби и поради некоја инерција и поради тоа што тој терен е …
повеќе »Искачување на Рудока (2658м) – Шар Планина
Овој викенд на 10ти август, ПД Трансверзалец, организира искачување на врвот Рудока преку Црно Езеро и патот за Шарски Води. Прво регионално искачување на највисокиот врв на Косово, Маја нјери/Голема Рудока висок 2658 метри, граничен врв со Македонија. Патеката е долга 9,7 км се пешачи 4 часа, висинска разлика 1300м. Пристап преку село Сенокос 14км до патот шарски води од кој …
повеќе »Поглед кон двете езера
Караниколичко езеро и Караниколички врв, 20 јули 2014 Мирис кој се слуша. Боја толку нежна која тактилно се доживува. Звук во прекрасни бои. Патот до и средбата со Караниколичко езеро е вистинско синестетичко доживување. Не верувам дека е само до периодот во годината кога се цвета и мириса. Ова е можеби едно од помагичните места со кој сум се соочил. …
повеќе »Карпестиот рај Демир Капија
Демир Капија, Миравци, Белиот рај, 4-6 јули 2014 Кога одиме на планина во Македонија, тоа обично се однесува на големите врвови и планински масиви во западниот дел. Многу и сериозно високи врвови на едно место, па вие избирајте. Секоја од тие планини детално опсервирана, истражна, прошетана. Сите врвови искачени. Од оние наједноставните и најниските, до оние најкомплексните, најграмадните, стрмните, високите. …
повеќе »
skimacedonia