Планинарскиот клуб -„ЈЕЛАК“ Тетово и планинарскиот клуб – „ТЕТЕКС“ Тетово организираат летно искачување на највисокиот врв на Шар Планина – ТИТОВ ВРВ. Планинарскиот настан ќе биде организиран на 23 и 24 Август 2014 година.
Шар Планина, најголемата планина во Македонија е 80 километри по должина и 30 километри во широчина. Таа како млада планина со својот глацијален рељеф изобилува со прекрасни пасишта, густи шуми богати со извори и чисти планински реки.
Надморската височина на Титов Врв изнесува 2747 метри. Искачувањето од Попова Шапка до врвот е околу 4 – 5 часа пешачење со попатни одмори, на почетокот по макадамски пат, а потоа по добро маркирана патека.
Организираното планинарско искачување на врвот ќе се одвива по следната програма:
23.08 (Сабота)
o До 15:00 часот – пристигнување на планинарите во Тетово;
o 15:00 часот – организиран превоз до Попова Шапка од пред Домот на културата, по цена од 100 денари во еден правец;
o 17:00 – 19:00 часот – сместување на планинарите;
o 20:00 часот – свечено отворање на манифестацијата;
o 24:00 часот – повечерје.
24.08 (Недела)
o 05:30 часот – станување и припрема за марш;
o 06:30 часот – поаѓање на планинарите кон врвот;
o 11:00 часот – пристигнување на врвот;
o 12:00 часот – поаѓање кон Попова Шапка;
o 16:00 часот – доделување на признанија и затворање на манифестацијата;
o 16:30 часот – организиран превоз кон Тетово по цена од 100 денари.
Сместување:
- Планинарски дом „Смрека“ – 200 денари, сместувањето е организирано во планинарскиот дом Смрека, на Попова Шапка. Поради ограничените сместувачки капацитети, Ве молиме да се пријавите навремено.
Задолжително пријавување на оние учесници кој ќе пристигнат и учествуваат на маршот во недела на 24.08.2014 заради наша евиденција.
Напомена:
– За психофизичката состојба одговара секој учесник самостојно;
– П.К. „Јелак“ и П.К. „Тетекс“ обезбедуваат водич;
– Маршот ќе го обезбедува екипа на Горско Спасителска Служба од Тетово;
– Секое друштво добива спомен диплома, а секој учесник налепница од маршот;
– Исхраната ја обезбедува секој учесник самостојно.
Контакт:
П.К. „Јелак“ (Борис-Цули) 070 – 596 – 637, Е-Mail: pk.jelak@gmail.com
П.К. „Тетекс“ (Цветан) 075 / 465 – 602, E-Mail: pkteteks@gmail.com
skimacedonia