Ски-центар Кожуф
Ски-центар Кожуф

Ски-центарот е релативно нов, датира од 2006 година и се карактеризира со голема атрактивност, особено за љубителите на фрирајд-скијањето и на сноубордингот. На 210 км оддалеченост од Скопје и на 130 км од Солун, како нов и модерен центар е вистински магнет за авантуристите. Се карактеризира со многу снег и изминативе години многу се користи и е интересен како фрирајд-дестинација.

Центарот сѐ уште нема добро развиена инфраструктура од аспект на сместувачки капацитети и угостителски објекти. Засега располага со неколку помали објекти, вили и ресторани, па доколку сакате да преспиете повеќе денови, пожелно е навреме да си резервирате. Гевгелија е на 20 минути од центарот, па на располагање ви се сите благодeти на модерниот живот.
Настани
Настани

Природни убавини
Природни убавини

Во далечната 1953 година, по иницијатива на Даре Џамбаз и Планинарскиот сојуз на Македонија, со група млади ентузијасти беше изграден домот на Висока Чука (1.100 м надморска висина). Многу години беше место на средби на планинари и љубители на планината од целиот Балкан. За жал, денес тој е руиниран објект, во кој не можат да се престојува. Постои можност тој да биде ставен во функција и во агендата во новиот тренд – планинскиот туризам, за кој постојат многу можности и интереси.
Техничка опременост
Техничка опременост
Во развојниот план на центарот е предвиден систем од 6 жичници, со капацитет од 20.000 скијачи на час и површина од речиси 150 км уредени ски-патеки, слободна зона од 1.500 ха и систем од 14 км патеки т.е. конектори низ целиот центар. Во рамките на центарот е изградена вештачката акумулација Марково Езеро, од каде што се напојуваат снежните топови со вода.

Во моментов се инсталирани една жичница-шестосед Допелмајер(Doppelmayr) и два ски-лифта сидро, кои носат до самите врвови К-92 и Зелен Брег, од каде што се во функција неколку патеки и слободни зони за скијање. Поради големината на падините до кои носат овие ски-лифтови, центарот и сега е атрактивен од аспект на ски-површина. Дополнително ски центарот располага со две ратрак машини Пинот Еверест (Prinoth Everest) еден Пистен Були (PisteBully 100) , специјализиран трактор за снег,камиот Мерцедес Унимог со фреза исто за чистење снег, Поларис (Polaris) моторни санки. 10 топови за снег + пупна станица која се снабудава со вода од вештачкото езеро. Комплексот т.е. туристичката населба, располага со два ресторани еден во населбата т.е центарот, а другиот на 2000м на на крајната станица од шестоседот. Според усвоениот план, дополнително треба да има 200 планински куќи, 40 помали и 6 поголеми хотелски капацитети, отворен паркинг-простор за над 2.000 возила, мултимедиумски центар, продавници, ресторани и барови и голем број спортско-рекреативни содржини (фудбал, тенис, голф, пливање итн.).
Сместување
Сместување
Прекрасен хотел на Кожуф планина, во непосредна близина на ски центарот. Нуди ноќевања во трокреветни студија и четири креветни апартмани. Располага со 4 трокреветни студија и 4 четирикреветни апармани со вкупен капацитет од 32 легла. Широкопојасен бежичен интернет, сателитска телевизија во сите апартмани, сопствени луксузни тоалети, прекрасен поглед, врвна кујна и голем избор на јадења . Природата треба да се почувствува, но овој пат ви се нуди можност подолг период да останете и да ги уживате природните убавини што ги нуди Кожуф.
Кожуф Апартмани – Ски центар Кожуф
Кожуф кондоминиуми и викенд куќи се дизајнирани за да вашето време за одмор и спиење бидат специјални како и вашето дневно уживање. Ски центарот Кожуф нуди избор на свој сместувачки капацитет- апартмански комплекс од 16 соби со промотивни цени, воедно како посебен сместувачки капацитет се и нови приватни викенд куќи.
tweet

Dali ima nekakvi novi informacii za skijackiot centar ?
Ke docekame li ovaa planinska ubvina od svetski razmer da profunkcionira ..
Да почекаме уште малку , веројатно ќе има добри вести 🙂
Дали работи скијачкиот центар Кожуф?
Ви благодариме за корисни информации. Дали знаете дали Кожуф работи оваа зима?
Здраво Стеве, центарот нема да работи
Thank you padisan, we’re glad that we helped.
That was a great and usefull post, thx and keep up the good work