Рехабилитацијата на регионалниот пат Маврово-Маврови Анови

Со поставувањето на првите метри асфалтен слој, во близина на големите паркинзи, беше означен почетокот на работите на рехабилитацијата на регионалниот пат Маврово-Маврови Анови. Вредноста на овој, за Маврвоскиот регион, важен инфрстаруктурен зафат, изнесува над 76 милиони денари (1,2 милион евра), средства обезбедени од заем од Светска Банка.patot-za-mavrovo-skimacedoniaОд Јавното Претпријатие за Државни Патишта информираат дека до февруари идната година, ова ќе биде сигурна и безбедна сообраќајница.

– Проектот предвидува замена на стариот асфалтен слој со нов на делници каде ширината е 6 метри, а на делниците каде ширината е помала и соодветно проширување. На одредени делови ќе се прават и пешачки патеки за да се постигне поголема безбедност во сообраќајот, изјави Љупчо Георгиевски директор на ЈП за државни патишта.
Тесното сообраќајно грло на обиколниот пат околу Мавровското Езеро ќе биде минато, смета Градоначалникот на Општина Маврово-Ростуша, Мукрем Мехмеди, кој нагласи дека со реконструкцијата и проширувањето се очекува да се подобри туристичката понуда и животот на жителите во мавровскиот регион.
– Ова е исклучително значаен зафат со кој и жителите и туристичките работници ќе имаат корист, подвлече Мехмеди

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки