ДО СИТЕ ПЛАНИНАРСКИ КЛУБОВИ
Комисијата за високогорство и експедиции при ФПСМ, Ве известува дека од Планинарската федерација на Турција, има добиено покана за учество на 15-тото Меѓународно искачување на Арарат-5137м, кој се наоѓа на тромеѓето помеѓу Турција, Ерменија и Иран.
Според програмата, искачувањето ќе се одржи во периодот од 28 до 31 Август 2014 година.
Од секоја планинарска федерација до која е испратена поканата, можат да учествуват најмногу по 4 члена.
Доколку од Вашиот клуб, има заинтересирани членови за ова искачување на Арарат, потребно е да се пополни листот за пријава кој Ви го доставуваме во прилог, да се завери од страна на Вашиот матичен клуб, и да се испрати до Комисијата за високогорство и експедиции при ФПСМ, најкасно до 15 август оваа година.
Доколу има поголем број на пријавени членови, Комисијата за високогорство и експедиции при ФПСМ ќе направи избор на 4 членови, според објективно утврдени критериуми.
За дополнителни информации можете да се обратите на тел. 075 22 78 29, Виктор.
Комисија за високогорство и експедиции
Претседател
Виктор Антовски
skimacedonia