По добриот снежен викенд, ски центарот Копанки стартуваше со работа. Така од денес ви стојат на располагање над 50 см снег, патеките на Копанки се подготвени и оспособени за скијање и забава. Оваа година ски стазата е подолга и проширена за 600 метри. Дневна карта за двосед жичницата е 100 денари, ски картата чини 300 денари, а 200 е за деца. …
повеќе »skimacedonia
Крушево не остава ништо на случајот
Во Крушево утрово и покрај најавите за снег, одговорните од центарот ги монтираа опремата и топовите со цел максимално да се искористат временските прилики и ски центарот Станич во полна форма да ги пречека туристите. Времето следната недела со дневни температури во минус, недела и понеделник се очекува над 30 см нов снег на терените.
повеќе »Забава на Попова Шапка
Натпревар во болдер
Болдерче, Натпревар по повод година дена од отварањето на вежбалната, натпреварот ќе биде од забавен карактер, со новогодишни награди за првите три четри места почетокот е во 14:00.
повеќе »Новогодишна Критична Маса #32 и прослава: За уште многу булевари без велосипедски патеки
Точакољупци ајде сите заедно на Среќна Нова Година НаТочак! 31 декември е последната среда во месецот, редовен термин за 32-та Критична маса. Одлична прилика за точакољупците да ја извозат Критичната маса и заедно да ја дочекаат Новата година, НаТочак се разбира. Планот е следен: – Критична маса #32 почнува во 21.00ч. oд плоштад Македонија. За првпат ќе возиме без испланирана …
повеќе »Патишка река – Миленков Камен
Планинарска тура, акција на I love hiking- group Macedonia, ПК. Еделвајс и ПК. Макпетрол Сабота 27 декекмври 2014, Миленков камен – Тргнување во 05-00 часот од паркингот на поштата кај нова жележничка станица, 06-00 часот пристигање во с. Патиска Река 950 м.н.в. Од с. Патишка река пешачење до врв Миленков Камен 2217 м.н.в – . пешачење 4.30-5 часа. Секој учесник потребно …
повеќе »Викендов спуст во Санта Катерина, жените се во Тирол
Викендов од натпрварите во Светскиот куп во Алпско скијање кај мажите треба да се реализира спустот во Санта Катерина, Италија. На програмата се петочниот и саботниот тренинг, а во недела на 28 декември е трката. Кај жените на програмата е велеслалом и слалом трки во Тирол, Австрија закажани за 27 и 28 декември.
повеќе »Започна физичкото маркирање на границата на Националниот парк Маврово
Заради поквалитетна соработка и подобра заштита на природните богатства и живиот свет во Националниот парк Маврово, со поставување на маркирани бетонски столбови започнаа активностите за физичко обележување на границите на паркот што ќе го одвојува истиот од ловните стопанства и ЈП Македонски шуми. На почетокот на оваа активност присуствуваа претставници од Националниот парк Маврово, ЈП Македонски Шуми, претставници на ловните …
повеќе »Одличен натпревар за Лука Божиновски во Кенмор, Канада
Македонскиот скијач, младиот Лука Божиновски на ФИС натпреварот одржан во Кенмор, Канада имаше одличен настап за Македонската репрезенатција и се пласираше на 41 место во велеслаломската трка, притоа освои 97.79 фис точки. Во првото возење Божиновски се пласираше на 59 место со послаб резултат – 137.78 фис точки (помалку точки, подобар резултат). Инаку Лука Божиновски е роден 1998 година во Скопје, а веќе 12 години …
повеќе »Сo еден работник, патека за скијање не се подготвува
Иако топовите за вештачки снег навреме се поставија на патеката, иако стигнуваа најави дека патеката за скијање ќе биде подготвена за викенд деновите, од тоа не испадна ништо. Топлото време и температурата на воздухот над нулата во вечерните часови не овозможи да оди се како што треба, но сепак се чини дека најголем виновник е немањето доволен број на работници …
повеќе »
skimacedonia