Снегот многумина го очекуваат, многумина и го насетуваат, а и редно е да ги натовари планиниве. Пред нас е викенд и седмица исполнета со снег кој ќе се појави и во градските средини. Македонија ја очекува студен воздушен бран и снег кој ќе го има некаде помалку некаде повеќе но најмногу на планините. Поголема офанзива на зимата се очекува во недела …
повеќе »skimacedonia
Награди и признанија од Град Скопје за Антонио Ристевски и Иван Лесевски
Градот Скопје, Македонскиот олимпиец Антонио Ристевски го прогласи за најдобар спортист за 2014 година. Добрите резултати, рангирањето на ФИС листата, успехот на настапите на Зимските Олимписки Игри во Сочи заслужено му го донесоа ова признание на најдобриот македонски скијач, а во категоријата на тренери во поединечна конкуренција Иван Лесевски селектор и тренер од Ски Клуб Работнички ја доби наградата за најдобар тренер.
повеќе »Изработен и проектот за ски центар на Јабланица
По иницијативата на Општина Вевчани за заживување на идејата за изградба на ски центар на падините на Јабланица, студијата и мастер планот за изградба на ски центарот се веќе готови. Целосната изработка на проектот чини 250.000 евра, а нарачател беше МЕПСО АД Скопје. Плановите предвидуваат ски патеките долги триесетина километри, на потегот кон месноста Голина, на надморска височина од 1.900 …
повеќе »Викенд исполнет со многу натпревари
Германецот Феликс Нојројтер ја грабна победата во слаломот во Мадона ди Кампиљо, втор беше неговиот сонародник Фриц Допфер, а трет Јенс Бјигмарк. Топлото време ја направи ски патеката премека и покрај големите напори на организаторите. Марцел Хиршер ја продолжува доминацијата во техничките дисципини со победата во велеслалом во италијанската Алта Бадија. Тој по скоро истрошената патека ги остави зад себе …
повеќе »Презентација на Креативен викенд Лазарополе и во Скопје
По презентациите и претставувањето на Креативен Викенд Лазарополе во Париз Франција и Уден Холандија, пред да продолжат презентациите низ европските градови Берлин и Мадрид, на 27 декември една презентација од Креативен викенд Лазарополе и во Скопје, во Дамар, Стара чаршија.
повеќе »Состојба на патот Смрдлива Вода – Ски центар Кожуф Р112 (галерија)
Фото 19.12.2014
повеќе »Крушевски хотел Илинден од следната година повторно во функција
Од следната година Крушево добива уште еден хотел кој ќе ја збогати понудата на градот и ќе придонесе во неговиот развој. Станува збор за хотелот Илинден изграден далечната 1949 година кој е и најстариот хотел во градот. Хотелот е реновиран, опфаќа простор од 4500м2, а целиот хотелски комплекс ќе располага со 57 соби, фитнес и спа центар, затворен базен, вински клуб, крушевска …
повеќе »Како е на Кожуф деновиве
Кожуф мини галерија од 18 и 19 декември 2014. Патот сеуште не е прооден, до центарот може да се стигне пеш и планината е на располагање само за фрирајд активности. Според најавите центарот ќе започне да нуди фрирајд ски пакети кои вклучуваат возење и скијање со ратрак, услуги за кои е потребна и доволна планината сама по себе.
повеќе »На Пониква се монтираат топовите за снег
Стазите на Пониква се спремаат за дополнително заснежување. Временските услови ќе бидат соодветни за таа цел, патеките во моментов имаат малку снег кој ќе се дополни преку топовите за снег. Конкретно се работи на Стаза бр.1 која викендов би требало да биде во функција за рекреативно скијање и забава.
повеќе »Sculpted in Time – Иноваторот
Sculpted in Time мини документарци, сторија за иноваторот и аутдор ентузијаст Кристиан Бег инаку спортист во инвалидска количка кој сака да зачекори подлабоко во природата и да го искуси непознатото заедно со други фреерајд авантуристи.
повеќе »
skimacedonia