Изработен и проектот за ски центар на Јабланица

По иницијативата на Општина Вевчани за заживување на идејата за изградба на ски центар на падините на Јабланица, студијата и мастер планот за изградба на ски центарот се веќе готови. Целосната изработка на проектот чини 250.000 евра, а нарачател беше МЕПСО АД Скопје.

jablanica vevcani crn kamen

Плановите предвидуваат ски патеките долги триесетина километри, на потегот кон месноста Голина, на надморска височина од 1.900 до 2.100 метри, со должина на жичницата од 3,5 километри. Ски центарот на Јабланица би имал капацитет да прими околу 4.500 скијачи дневно. Проектот предвидува и изградба на пет до шест луксузни хотели со 4 и 5 ѕвезди.

ski centar jablanica

Планината Јабланица се наоѓа на запад од Охридското Езеро и долината на реката Црн Дрим. На Република Македонија и припаѓа нејзината источна страна, која гледа кон Стогово, Охридското езеро и Галичица. Планината се протега во правец север-југ долга околу 45 км, со ширина која достигнува до 25 км. Највисокиот врв на Јабланица е Црн Камен висок 2257м. Јабланица поседува исклучителни геоморфолошки вредности, тревни тераси, помали и поголеми циркови, валови и неколку леднички езера.

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки