Патишка река – Миленков Камен

Milenkov kamen patiska reka

Планинарска тура, акција на I love hiking- group Macedonia, ПК. Еделвајс и ПК. Макпетрол
Сабота 27 декекмври 2014, Миленков камен – Тргнување во 05-00 часот од паркингот на поштата кај нова жележничка станица, 06-00 часот пристигање во с. Патиска Река 950 м.н.в. Од с. Патишка река пешачење до врв Миленков Камен 2217 м.н.в – . пешачење 4.30-5 часа.
Секој учесник потребно е да е во добра психофизичка кондиција за наведеното пешачење во зимски услови, да поседува зимска планинарска облека, панталони и јакна која заштитува од ветер и дожд, високи цврсти планинарски чевли, гамашни, капа и зимски ракавици, челна батерија .
Организирано одење е по 200 ден од човек . Во зависност од бројот се иде со мини бус или со комбиња .За вашите возила не одговараме.
Секој учесник е должен да се придржува кон инструкциите на организаторот и водичите, во спротивно сам си одговара за несаканите последици. Храната и пијалоците, се од ранец. Во случај на неповолни временски услови и невреме организаторот го задржува правото да ја откаже или прекине на лице место планинарската акција.
Кој е заинтересиран може да се пријави, најдоцна до 26.12.2014г Петок до 18:00 часот на телефон 071/212-808 Дејан .

Водичи на групата се:
Атанас Стојковски – ПК.Еделвајс
Петар Герасимов – ПК.Макпетрол

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки