Новогодишна Критична Маса #32 и прослава: За уште многу булевари без велосипедски патеки

Точакољупци ајде сите заедно на Среќна Нова Година НаТочак!

31 декември е последната среда во месецот, редовен термин за 32-та Критична маса. Одлична прилика за точакољупците да ја извозат Критичната маса и заедно да ја дочекаат Новата година, НаТочак се разбира.

kriticna masa 32 skopje
Планот е следен:

– Критична маса #32 почнува во 21.00ч. oд плоштад Македонија. За првпат ќе возиме без испланирана рута, баш како вистинска Критична маса. Испланирана е само крајната дестинација, локалот Мојот Калеидоскоп (https://mapsengine.google.com/map/edit?mid=zDEep9uE_UT4.klsEA0OZLPas)

Таму продолжува забавата – јадење, пиење, точаци, точакољупци, музика, балони и се останатото.

Резервација е потребна само за точкарската новогодишна журка.Пријавете се на следниот мејл natochak@gmail.com со следното инфо:
– Име и презиме
– Ваша новогодишна точкарска желба за 2015 год.

Откако ќе се пријавите потребно е да си купите ”влезница” од 300ден. која всушност на самата прослава можете да ја материјализирате во пијачки до тој износ.

Влезниците може да се набават:
– Во Мојот Калеидоскоп, четврток, 25 Декември, од 18.00 до 20.00 (барајте ја Сандра)
– Во Мојот Калеидоскоп, петок, 26 Декември, од 18.00 до 20.00 (барајте ја Снеже)
– Во Парк на Франкофонијата, 28 Декември, од 11.00 до 17.00 (барајте ја Јована)

Се гледаме на Нова Година Наточак!

Ѕрн ѕрн!

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки