Започна физичкото маркирање на границата на Националниот парк Маврово

Заради поквалитетна соработка и подобра заштита на природните богатства и живиот свет во Националниот парк Маврово, со поставување на маркирани бетонски столбови започнаа активностите за физичко обележување на границите на паркот што ќе го одвојува истиот од ловните стопанства и ЈП Македонски шуми.

На почетокот на оваа активност присуствуваа претставници од Националниот парк Маврово, ЈП Македонски Шуми, претставници на ловните друштва како и Командирот на ПС Маврово.

На присутните им беше презентиран планот за оваа активност како и динамиката на изведување при што беше кажано дека при секоја теренска активност потребно е присуство на по еден претставник од нивните институции. Активноста беше поздравена од сите кои најавија подршка и присуство од сите засегнати страни.

nacionalen park mavrovo

nacionalen park mavrovo 10

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки