Tag Archives: Шар Планина

Шарпланински прошетки (27-28 Септември 2014)

leshnica-plat-karanikolicko

27.09.2014 Сабота КАРАНИКОЛИЧКИ ЕЗЕРА поаѓање од с.Бозовце во 7,30ч. Се пешачи 5 часа во два правца, можност преку лешница до Попова Шапка преку новата патека вргањ плус- 8 часа пешачење. Сабота проекција на слики од К-2 Здравко Дејановиќ Прва Македонска Трансверзала – Љуботен-Охрид (1975-2014) и забава во Планинарски дом СМРЕКА на Попова Шапка со планинарско гравче и печен Вргањ(ноќевање 200ден). …

повеќе »

Middle Rock Vertical Kilometer

Middle-Rock-Vertical Kilometer-leshnica

SkyRunning – Vertical Kilometer серијата. Како што ветивме минатата година, еве ќе се потрудиме да организираме за прв пат кај нас трка на атрактивниот терен во Централна Шар Планина – од Долна Лешница преку седлото под Среден Камен до Титов Врв. Патека со должина од 3900 m и висинска разлика од 1000 m. Вистински тест за силата и брзината дополнет …

повеќе »

Летно искачување на Титов Врв

titov-vrv-leshnica-plat-shar-planina

Планинарскиот клуб  -„ЈЕЛАК“ Тетово и планинарскиот клуб – „ТЕТЕКС“  Тетово организираат летно искачување на највисокиот врв на Шар Планина – ТИТОВ ВРВ. Планинарскиот настан ќе биде организиран на 23 и 24 Август 2014 година.Шар Планина, најголемата планина во Македонија е 80 километри по должина и 30 километри во широчина. Таа како млада планина со својот глацијален рељеф изобилува со прекрасни …

повеќе »

Искачување на Рудока (2658м) – Шар Планина

rudoka-sar-planina

Овој викенд на 10ти август, ПД Трансверзалец, организира искачување на врвот Рудока преку Црно Езеро и патот за Шарски Води. Прво регионално искачување на највисокиот врв на Косово, Маја нјери/Голема Рудока висок 2658 метри, граничен врв со Македонија. Патеката е долга 9,7 км се пешачи 4 часа, висинска разлика 1300м. Пристап преку село Сенокос 14км до патот шарски води од кој …

повеќе »

Поглед кон двете езера

CIMG5439

Караниколичко езеро и Караниколички врв, 20 јули 2014 Мирис кој се слуша. Боја толку нежна која тактилно се доживува. Звук во прекрасни бои. Патот до и средбата со Караниколичко езеро е вистинско синестетичко доживување. Не верувам дека е само до периодот во годината кога се цвета и мириса. Ова е можеби едно од помагичните места со кој сум се соочил. …

повеќе »

Караниколичко езеро

Karanikolicko ezero

Планинарска тура до најубавото од 27-те леднички езера на Шар Планина (2.300мнв). Организиран превоз во 07ч од пред супермаркетот ВЕРО во Тетово,цена на превозот 200ден повратна карта. ЗАДОЛЖИТЕЛНО пријавување на следните телефони како и сите подетални информации: 075/465-602 Цветан,078/250-048 Цоци или во коментар на објавата за настанот на официјалната страната на ПК ТЕТЕКС. Однапред ви благодариме на заинтересираноста и учеството! …

повеќе »

Негостопримливиот Бориславец

bogovinjsko-sar-planina

Боговињско езеро и Бориславец, 15 јуни 2014 Негостопримливиот Бориславец Шара. Најголемиот планински масив во Македонија кој се карактеризира како субалпски, што накратко значи своевидна екстензија на алпскиот масив кој започнува во срцето на Европа. Место каде може барем малку може да го почувствуваме здивот на алпските ветришта и грамадноста на алпските врвови. Токму она кое ние овој јунски ден сакавме …

повеќе »

Искачување на мистериозниот врв

Ljuboten-1 36

Љуботен 2499 м.н.в., 18 мај 2014 Овој викенд тргнав кон родниот крај, тетовско Непроштено. Село сместено во подножјето на Шара. Познато по своите густи костенови шуми непосредно над селото, прекрасните тетовски јаболка и многуте оревови дрва по дворовите, црвениот извор со кисела вода и малиот водопад над него, барем 400 години стариот даб во дворот на црквата Св. Илија, по …

повеќе »

Колку шарена може да биде Шара

titiov-vrv-3

Во очи на традиционалното искачување на Титов Врв 2747м на Шар Планина 24-25 мај, кое се одржува секоја година во организација на планинарскиот клуб Љуботен ви пренесуваме две кратки аматерски снимки во однос на тоа колку може да биде променливо и екстремно времето на планина, и колку треба да бидеме внимателни и секогаш добро опремени. Снимките се од минатата година. Стартот …

повеќе »

Ќе се оди низ првата македонска трансверзала

tns

Во периодот од 04.07.2014 до 12.07.2014 година, планинарското друштво “ТРАНСВЕРЗАЛЕЦ” од Скопје во програмата на планинарски тури ја организира, првата македонска трансферзала од врвот Љуботен до Охрид, долга скоро 200 км, а обиколка на трансверзалата ќе биде организирана со водичи. Патеката е поставена далечната 1975 година од група планинари од Планинарското друштво „Елема“ при Електро-Машинскиот факултет во Скопје. Во текот на годините …

повеќе »
Оди на лентата со алатки