Ќе се оди низ првата македонска трансверзала

Во периодот од 04.07.2014 до 12.07.2014 година, планинарското друштво “ТРАНСВЕРЗАЛЕЦ” од Скопје во програмата на планинарски тури ја организира, првата македонска трансферзала од врвот Љуботен до Охрид, долга скоро 200 км, а обиколка на трансверзалата ќе биде организирана со водичи.

Патеката е поставена далечната 1975 година од група планинари од Планинарското друштво „Елема“ при Електро-Машинскиот факултет во Скопје. Во текот на годините патеката има претрпено неколку измени и конечната варијанта е поставена во 1982/83 година, а нејзиното промовирање е во јули 1985 година, со поминувањето на група од триесетина планинари од сите тогашни републики во Југославија.transv2По своите карактеристики тоа е најдолгата планинарска патека во Македонија, а веројатно е и една од потешките планинарски патеки од овој тип во Европа.trans3Трансверзалата поминува низ цела Западна Македонија, преку масивите на Шар Планина, Рудока, Враца, Бистра, Стогово, преку Караорман се до Охрид, во вкупна должина од близу 200 километри. Карактеристика на првата половина од патеката покрај релативно големата надморска височина, најниската точка е на 2100 м.н.в., се и повеќе планински езера, кои на Шар Планина ги има 15, а непосредно се поминува покрај 5 од нив. Во овие предели често претстојуваат и групи ботаничари, привлечен од растителни9от свет кој успева само во овие предели.

Вториот дел од патеката ја карактеризираат шумските предели и брзи планински реки кои во каскади се спуштаат низ падините формирајќи безброј водопади.trans4Веројатно најинтересни се селата низ кои се минува со стара македонска архитектура, специфична за овој дел на Балканот. Како круна на се е прекрасното Охридско езеро и градот Охрид, со своите многубројни цркви од Византискиот период, а и подоцна, со богато фрескосликарство. За овој град се врзани првиот универзитет и почетоците на Словенската писменост и култура во светот.ohridОрганизаторот: ДПС „Трансверзалец“ – Скопје како што наведува во соопштението до сите планинарски друштва и планинари, собирот е закажан на 04.07.2014 година во Планинарски дом „Љуботен“, а поаѓање следниот ден на 05.07.2014 г. во 06,00 часот.

За учество на овој планинарски поход долг 200 км, се плаќа 30 Евра по учесник, а има и можност опремата да се носи со коњи за што се доплаќа 80 Евра за првите пет дена до Маврово. По пристигнување во Охрид организирано е сместување во приватни куќи во село Пештани (покрај Охридското Езеро) оддалечено 12 км, од Охрид во правец накај Св.Наум. Дополнително ќе може да се купи дневник на трансверзалата при поаѓањето, цена 5 Евра.

Важни, неоходни информации како што е наведено од ДПС „Трансверзалец“ – Скопје:

Секој учесник треба да понесе храна за четири дена и комплетна бивак опрема.

Патеката е близу 200 км, со просечна височина од 2200 м.н.в. во првите четири дена, заради тоа посебно треба да се води сметка опремата да е комплетна но и балансирана(не претешка), а ќе се оди ефективни 7-9 часа дневно.

Сите гости кои ќе го најават своето учество ќе бидат пречекани во Скопје, главниот град на Република Македонија на 04.и 05.07.2014 година и тоа врз основа на пријавата на аееродромот, железничката станица или автобуската станица. Од Скопје до Планинарски дом „Љуботен“ ќе биде организиран превоз од страна на домаќините.

Учеството може да го најавите на адреса ДПС „Трансверзалец“- Скопје, ул. „М. Теодосиј Гологанов 28/13 – Скопје, за Божиновски Мијалчо или e-mail: transverzalec@t-home.mk
http://www.pdtransverzalec.org.mk/

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки