Serre Chevalier средновековен ски амбиент на Hautes-Alpes

serre-chevalier-s1180x560

Термин 25 јануари, промотивно до 15 ноември ќе биде по цена од 359 евра (сместување, превоз и ски карта)  Следи настан

Надвор од гужвите на ултра комерцијалните центри, Serre Chevalier е потивка ски дестинација, ски центар за “витези и дами”, за сите кои сакаат да уживаа во средновековниот шарм и амбиент на Југо-Источните Алпи Hautes-Alpes. Зоната се наоѓа во благо медитеранско подрачје со голем број сончеви денови во текот на годината, кои не и пречат на снежната покривка, која се задржува до пролетта.  Поголем дел од центарот е свртен кон север па останува доволно студен за да го држи снегот во добра кондиција. Ски центар опкружен со шумски појас но и добри фрирајд зони, на висина од 1200 до 2800 метри.

1308047912 Briancon nehar

Во долината на ски центарот сместени се четири населби, една од нив е Briancon средновековен град, со тврдини и средновековни катедрали сместен на 1200 метри надморска висина, воедно и најголемо градче во Европска унија позиционирано на највисока надморска висина. И токму тука е базата на ски групата која ќе одлучи да скија во Serre Chevalier,сместувањето во Le Signal du Prorel.

serre-chevalier nehar

FIRST MINUTE ЦЕНИ. ВАЖАТ ДО 15 НОЕМВРИ 2018!

RESIDANCE – SIGNAL DU PROREL
Бр. на кревети: 6 5 4 3 2
Студио 1/4 359€ 399€ 469€
Апартман 2П 1/6 359€ 379€ 429€

Центар е опкружен со шума, борови стари стотина години. Патеки кои имаат должина од 250 км каде доминираат сините патеки со повеќе од пола површина, остатокот се црвени и црни, а шеесте и кусур лифтови, жичари и гондоли ќе ви овозможат брз трансфер до секоја точка.
Во делот на Croix de la Norа и Cucumelle постојат големи тераси за релаксација, пикник, многу сонце и прекрасен поглед, покриени со wi-fi мрежа.

Имајќи во предвид дека тоа е гратче со постојани жители, има поголем избор на ресторани и продавници, како и прифатливи цени за нашиот стандард, иако сепак тоа се Француски Алпи.

serrechevalier_domain

ski_serre_chevalier

Дополнително, заради зголемениот интерес за Alpe d’ Huez, ќе оди уште еден автобус во истиот термин со останатиот дел од групата. Автобуските места за Tignes & Val d’Isere се веќе пополнети и останува варијанта за неколку апартмани со сопствено превоз. Последната тура на која се оди во Val Thorens е закажана од 1 до 10 февруари 2019, цената е 489 евра со вклучен превоз, сместување и ски карти. Цените се first minute понуда, а бројот на слободни места е исто така ограничен.

 

 

45060156_briancon serre chevalier nehar turs

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки