
Еден важен хајлајт што е добро за се знае. 300 км стази кои се во зоната Val d’Isère и Tignes се само 12% од површината која ви е на распоалгање за скијање. Тоа се многу слободни територии за фрирајд скијање. Сместувањето е одма на ски патека, што би се рекло по папучи се качувате на жичара и веќе сте некаде по планината. Покрај рестораните и барови , во близина на апартманите има и маркети каде во секое време можете да набавите свежи намирници по пристапни цени.
Термин на поаѓање, 17 јануари до 26 јануари 2020 год.
Espace Killy еден од најатрактивните алпски скијачки центри во Франција, именуван по трократниот олимписки шампион Jean-Claude Killy. Центарот ги вклучува познатите скијачки ресорти Val d’Isère и Tignes на Савојските Алпи.
Центарот располага со над 300 км терени со 154 ски стази од нив 20 зелени, 67 сини, 41 црвена и 26 црни, како и додатни 44км за cross country skiing. Ваквата конфигурација го прави L’Espace Killy идеален за секое ниво на скијачи/бордери, без разлика дали сте почетник, рекреативец или напреден скијач/бордер. Терените се протегаат во опсег од 1550м до 3456м надморска височина, а добрата поврзаност на стазите овозможува непрекинато скијање од огромни дистанци без потреба од конекција со ниту еден од 96те достапни ски лифтови или жичари. Двата глечера Pissaillas Glacier и Grand Motte овозможуваат уживање на скијачките терени дури и во летните денови.
Центарот располага со разни содржини (ски паркови, базени, сауни, лизгалиште и сл) како и неповторливите секојдневни забави во познатиот ланец барови La Folie Douce. Услуги кои го прават центарот идеално место за зимски одмор и забава.

Val d’Iser, Модерно скијалиште, сместен на 1800 м/н.в. и оддалечен 12 км од Tignes. Има прекрасен поглед кон глечерот Grand Motte. Убавината на местото ја дава и единствената камена архитектура на објектите. Поради одржувањето на Светскиот куп, целото место е преполно со тимови и посетители. Можеби и токму затоа понудата на забава е побогата но и поскапа. Многубројни ресторани, продавници,маркети, дневни и ноќни барови, клубови, кино, затворен базен и природно лизгалиште.

Tignes, скијачка мека сместена покрај заледено езеро на 2100 метри. Познат и по најдобрите off патеки во Европа. Дури постои СПОТ зона за едукација и вежбање за скијање на off патеки. Се состои од 3 населби: Val Claret, Le Lac i Le Lavachet кои се поврзани со бесплатен ски бус. Дополнителната понуда е многу богата и заокружена е со модерен wellness центар и базен со бесплатен влез за иматели на skipas Espace Killy. Делот Val Claret каде што е сместувањетп е идеално лоциран, со ski IN-ski OUT сместување и во непосредна близина на возот кој вози до глечерот Grande Mote. Тука се наоѓа XXL SuperPipe, најголем halfpipe во Франција. Долг 190м, 19м широк, 7 м висок. Секако и тука не изостанува богата ноќна програма за сечиј вкус. Најдобрите ноќни клубови се Deep во Le Lac и Melting Pot во Val Claret. La Face de Bellevarde пак е високо рангирана адреналинска црна ски патека на ски мапата во Европа.
Програма:
1 ден-петок, 17.01.2020. СКОПЈЕ- VAL CLARET:Состанок на групата на паркингот кај спортската сала “Борис Трајковски” во 07:00 часот. Поаѓање за VAL CLARET во 07:30 часот. Се патува преку граничниот премин Tабановце. Патување преку Србија, Хрватска, Словенија, Италија, со попатни паузи и гранични формалности. Ноќно возење.
2 ден-сабота 18.01.2020. VAL CLARET: Пристигнување во попладневните часови и сместување во апартманите. Слободно попладне за запознавање со местото. Ноќевање
3 – 8 ден 19-24.01.2020. VAL CLARET: Шест дневно скијање во Espace Killy –Tignes и Val d’Iser. Ноќевање
9. ден-сабота 25.01.2020.VAL CLARET-СКОПЈЕ:Напуштање на собите до 10:00. Поаѓање за Скопје со попатна посета на еден од најголемите шопинг аутлет центри во Италија – VICOLUNGO, непосредно пред Милано.
10 ден – недела 26.01.2020. Пристигнување во Скопје во попладневните часови.
Во цената е вклучено:
- Превоз со високотуристички автобус со LCD TV, DVD на релација Скопје – VAL CLARET – Скопје
- 7 дневно сместување во: студиa/апартмани во VAL CLARET
- 6 дневен скипас за стазите на TIGNES
- Туристички пратител за време на турата
Во цената НЕ Е вклучено:
- Задолжително патничко осигурување со вклучен додаток за спортско скијање 525 ден.
- Туристичка такса од 1-2,53 на ден по лице. Се плаќа на лице место.
- Доплата за Ски комплекс Espace Killy, 300 km стази: 30 евра, задолжителна доплата во агенција
Повеќе детали околу сместувањето и апартманите овде.
skimacedonia

