Скијањето на Француски алпи започнува со Portes du Soleil

chatel-1_43

Прво човек не знае кој слики да ги закачи, друго…..CHÂTEL (каде што е сместувањето) е навистина шармантна селска населба близу француско-швајцарската граница, Женевско езеро и големиот Монт Блан. Дел од најголемата група ски центри здружени под едно, Portes du Soleil или “Порти на Сонцето”. На располагање се колосални димензии од 650 км ски патеки меѓусебно поврзани со 200 ски лифтови низ 12 мали гратчиња, селски населби и ски зони во Франција и Швајцарија.

chatel_officiel--1568151158386

Областа Châtel  како што самите велат поседува бесконечни powder резерви и честа можност за скијање на свеж снег пропратени со уникатни и возбудливи пејсажи и амбиент што би се рекло како од рекламите.

Стилот на вилите и сместувачките капацитети се водени од почитување на традицијата и удобноста, инспирирани од традиционалните земјоделски култури кои сè уште се наоѓаат во долината Абонданс, која е препознаена како место за „Pays d’Art et d’Histoire“ (Земја на уметноста и историјата).

Целата област Portes du Soleil не само што има изобилство на снежни паркови, туку ги менаџира и едни од најдобрите паркови во Европа. Паркови кои нудат скијање за сите нивоа од целосни почетници во слободен стил до простор за тренинг на светската класа натпреварувачи. Пример во Les Crosets супер фан паркот, населба која е во комшии на Châtel ги поседува најголемите скокови со големина од 6 до 20 метри, a Avoriaz го има таканаречениот Superpipe една од најголемите halfpipe во Европа, која се одржува на дневно ниво. 

chatel_officiel-1568151281913

Châtel е огромно игралиште за авантури, планините ги има во сите облици и големини. Во самиот центар отворен е нов aqua центар “Forme d’O” со затворен и отворен термален базен, базен за деца, wellnes зона (сауна, масажа…). Цена за неделно користење на стандард услуга е 40 евра, a за децата 30% поефтино. Местото е полно со барови и ресторани, продавници за зимска опрема и неколку големи маркети (Scherpa i Casino).  Низ центарот возат бесплатно ски автобуси кои ги собираат скијачите по пат кон жичарите.

chatel_officiel--1568151157621

Сместувањето е квалитетно, апарматни Lе Grand Lodge кој е лимитиран на 50на луѓе. Квалитетен амбиентален објект кој располага со сопствен базен, сауна, џакузи, како и можност за доручек услуги од страна на резиденцијата.
Оваа ски тура е од 3 – 12 јануари 2020 година. Цената на сместувањето за најбрзите е популарна исто како и местото и започнува од 359 евра за 7 дена престој, со вклучени ски карта за 6 дена скијање низ терените во зоната на Châtel. Со оваа ски карта имаме вклучено 73 ски патеки, 130 км и 61 ски лифта близу Châtel и во швајцарскиот центар Torgon. Овој дел е ски зона се протега од 1100 до 2200 метри. На располагање за асистенција ќе ви бидат ски водичи за целиот период на престој. Повеќе детали за оваа тура на Нехар Травел

Lе Grand Lodge
Lе Grand Lodge

2019-09-02 chatel-portes-du-soleil nehar

21814558
Lе Grand Lodge

chatel_officiel-1568151207396

chatel_officiel-1568151189583 chatel_officiel-1568151221204 chatel_officiel-1568151250754

 

клик за повеќе детали

 

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки