Ски тура број 4: Нехар Травел, Val Thorens, Франција, период 24 јануари до 2 февруари 2020.
Val Thorens е дестинација кратко опишана “Со еден удар три центри, и тоа кој од кој”. Едно од највисоките одморалишта и ски населби во Европа, дел од Три Долини ( Les Trois Vallées) во кои дополнително влегуваат познатите Courchevel и Méribel, кои заедно ја сочинуваат една од најголемите ски зони во светот со над 600 километри ски патеки (ќе се изгубите). Ски патеки кои се протегаат на висина од 1300 до 3250 метри.
Оваа сезона Val Thorens се очекува да направи старт кон крајот на ноември и планирано е да фунцкионира до почетокот на мај 2020 година.
Сместена во огромна природен цирк, создаден од 6 глечери, Val Thorens нуди голем број патеки во сите правци каде што ќе посакате да го бркате сонцето во текот на целиот ден. Val Thorens е познат по квалитетот на снегот и ски-лифтовите. Центар кој навистина нуди секаков тип на скијање, бордер крос, телмарк, фрирајд зони, снежни фан парк зони, понуда која ги задоволува сите сетила. Повеќе од 90% од ски област се наоѓа над 2.000 метри, центарот нуди одлични услови за да може да уживате во турбо брзина.
Сместувањето е во рамките на самата ски зона, каде буквално по папуча може несакајки да излетате на терен. Преставува идеална снежна арена за љубителите на планината, населба која овозможува да уживате во исклучителни погледи, особено грандиозниот спектакуларен поглед на легендарниот Glacier de Péclet или Cîme Caron гондолата која носи на 3200 метри до “најубавиот поглед во Алпите”, според Зелениот водич на Мишелин: 360 ° панорамски поглед на повеќе од 100 алпски врвови (француски, швајцарски и италијански).
Повеќето ски патеки се свртени кон север и северозапад, обезбедувајќи добри услови на снегот. Падините не се толку сончеви, така што одморалиштето има тенденција да привлече поголема заинтересираност за скијање отколку “дремење на сонце”. Сепак, населбата е свртена на југ, па многу луѓе уживаат да седат надвор на сонце кога завршуваат со скијање.
Val Thorens е домаќин на бројни светски натпревари од висок ранг и е најпосетуваното меѓународно скијачко одморалиште во Франција. Над 70% од посетителите се странци од кои доминираат британските, скандинавските, белгиските, холандските и германските туристи и замислете пар автобуси Македонци.
Детали за турата: Сместувањето е во апартмани, Lac du Lou и Roche Blanche лоцирани на самите терени. Патувањето е со високо комфорен автобус на Нехар Травел директно од Скопје. Во цената е вклучено, 7 дена сместување во студио во Val Thorens, 6 дневен ски карта за патеките на Val Thorens/Orelle (150 км стази), а се доплаќа 40 евра за ски пас Les Trois Vallées во кои влегуваат сите центри и лифтови вклучувајќи ги, Courchevel и Méribel. За време на целиот престој обезбедени ски водичи, асистенти кои ќе ви го направат патувањето далеку поспокојно.

Доколку сте од оние индивидуалци шетачи кои сакаат повеќе да истражуваат, како што наведовме погоре, на располагање ви се меѓусебно поврзаните центри Courchevel и Méribel кои практично на скија ќе може да ги извртите во тој регион. А попатно во близина на Val Thorens е и живописното амбиентално село Saint Martin de Belleville каде би можеле од прва рака да го искусите локалниот живот на французите. Да пробате локално сирење, вино и пршут.



skimacedonia






Здраво Владимир,
Ве молиме за контакт за сите конкретни детали директно одговорен е Јасмин, 070 265 667.
Пријатен ден