Paradiski Les Arcs, Француските Алпи

0006677_les-arc-paradiski_550

Период 31 јануари – 09 февруари 2020 година

Paradiski, сместен во срцето на Француските Алпи. Сместувањето е во ски населбата Les Arcs 1800, со одлична поставеност во однос на ски терените и поврзаноста со другите ски населби и ресорти. Paradiski претставува третиот најголем скијачки центар во Франција (после Les 3 Vallées и Portes de Soleil), а се состои од три ски ресорта: Peisey-Vallandry, La Plagne и Les Arcs.

french-alps

Со вкупно 253 ски стази или 425км ски обработен терен, центарот е идеален избор за сите скијачи и бордери без разлика на нивното ниво на подготвеност. Одличниот опсег од 1200м до 3250м надморска височина, со импресивни пејзажи и панорами кон Mont Blanc, нуди бројни содржини доволни за сечиј вкус. 70% од стазите се наоѓаат на надморска височина од над 2000м, да скијате на глечерите Varet 3.226 м и Bellecôte 3.250 м, што гарантира одлична снежна покриеност и во пролетните денови. 

Скијачкиот центар располага со вкупно 160 ски лифтови, жичари и гондоли, а единствената double decker гондола во светот, Vanoise Express, се наоѓа токму тука и претставува врска меѓу ресортите Les Arcs и La Plagne. Vanoise Express, за само 4 минути, овозможува превезување на 200 луѓе помеѓу двата ресорти.

6c773fe2-7b8d-4f43-a2b6-les-arcs-paradiski

Les Arcs  е скијалиште со карактер, преубава природа, панорамски поглед и сончева положба. Идеално место за скијање и забава за сите возрасти. Местото е посебно познато по големо внимание за децата. Baby Club за бебиња постари од 4м, Mini-Club за деца 4-6 г. и Kid’s Club  за деца од 7-12 г. Така родителите може безгрижно да ги остават децата и да скијаат.

За нова забава французите го создадоа Mille8 за кое потрошија 36 милиони евра. Додадоа нова жичара, гондола, а каблите за wi-fi ги провлекоа по сите ски патеки како би била достапна новата апликација YUGE.

Mille8 : “aquafun”комплекс, покриен воден парк со тобогани, сауна, теретана, велнес центар. Се простира на 3.800 м2 површина.  Во рамките на Mille8  е направена нова атрактивна патека за санки, долга 900 м, нов  freestyle парк, шеталиште низ шума со специјални `ски чевли`, мини парк за деца, нов ресторан…. Направена е и паралел слалом стаза за туристи….

YUGE апликација: напредна апликација која скијачите едноставно ја инсталираат. Додека скијате добивате информации во реално време за прогноза на времето, ски патеките, време на чекање на жичарите, информации за дневни атракции и да пронајдете пријател со кој сте се разминале

les-arcs-paradiski-opt2

paradiski nehar travel skijanje zimuvanje

2019-09-02 19 20 50 les arc nehar travel skijanje francija alpi
Сместување во Les Arcs 1800:

Програма:

1 ден-петок, 31.01.2020.  СКОПЈЕ – LES  ARC 1800: Состанок на групата на паркингот кај спортската сала “Борис Трајковски” во 07:00 часот. Поаѓање за  LES  ARC 1800  во 07:30 часот. Се патува преку граничниот премин Tабановце. Патување преку Србија, Хрватска, Словенија, Италија, со попатни паузи и гранични формалности. Ноќно возење.

2 ден-сабота 01.02.2020. LES  ARC 1800:  Пристигнување во попладневните часови и сместување во апартманите. Слободно попладне за запознавање со местото. Ноќевање

3–8 ден 02-08.02.2020. LES  ARC 1800: Шест дневно скијање во LES  ARC 1800. Ноќевање.

9. ден-сабота 08.02.2020.LES  ARC 1800-СКОПЈЕ: Напуштање на собите до 10:00. Поаѓање за Скопје со попатна посета на еден од најголемите шопинг аутлет центри во Италија – VICOLUNGO, непосредно пред Милано.

10 ден – недела 09.02.2020. СКОПЈЕ: Пристигнување во попладневните часови.

Во цената е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобус со LCD TV, DVD на релација Скопје – LES  ARC 1800– Скопје
  • 7 дневно сместување во одбрани студиа / апартмани според ценовникот во LES  ARC 1800
  • 6 дневен скипас за стазите на LES  ARC 1800
  • Туристички пратител за време на турата

Во цената НЕ Е вклучено:

  • Задолжително патничко осигурување со вклучен додаток за спортско скијање 525 ден.
  • Туристичка такса од 1-2,53 на ден по лице. Се плаќа на лице место.
  • Paradiski skipas: 30€по особа за 425 км ски патеки. Резервација задолжителна  со пријава и уплата во агенција.

Контакт тел. 071 380 724 / 02 3131 045

Paradiski nehar travel

 

Совети за медицинска помош во странство. Како се активира полисата за патничко осигурување

 

 

 

fischer_sportbike_banner

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки