
Период 10 – 19 јануари 2020
Les 2 Alpes втор најстар ски центар во Европа после Chamonix, со ски патеки на еден од највисоките глечери на висина од 3600 м, патеки на кои се скија и во лето. Гратче со околу 2000 жители, сместено на 1650 метри, бројни ресторани и барови за забава во текот на целиот ден.
Les 2 Alpes е познат и по тешката црна стаза (Grand Colouire), перфектно средените долги и широки стази за сите нивоа на скијачи, одлични за вежбање и усовршување на техники. Snowpark 3200. Нуди одлични услови за скијање off piste за љубителите на freeride.
Les 2 Alpes е омилен меѓу младата популација заради својот ноќен живот и најдобри Apres-ski-party. Забавата почнува околу 15 часот во Pano Bar на скијалиштето, а од 17 часот се сели во самиот град, завршува во дискотеката Avalanche до раните утрински часови (како на кого му држи).
Технички карактеристики
Највисока излезна станица: 3558 м, базна станица 1280 м.
Висинска разлика на скијалиштето: 2278 м.
Ски патеки:
- 93 максимално средени ски патеки со вкуна должина од 225 км (1200 ха), free-ride терен:765 ха.
- 19 зелени патеки, 43 плави патеки, 19 црвени патеки, 11 црни патеки
- 78 (35%) отпаѓа на плави и зелени патеки, 103 km (45%) се црвени патеки, a 44 km (20%) црни патеки.
- Cross county патеки: 25 km.
- Глечер Les 2 Alpes работи во текот на цела година.
- Off-piste: Извонредни услови за free-ride. Посебно теренот La Grave, наменет исклучиво за нив.
Програма:
1 ден-петок, 10.01.2020. СКОПЈЕ – LES 2 ALPES: Состанок на групата на паркингот кај спортската сала “Борис Трајковски” во 07:00 часот. Поаѓање за LES 2 ALPES. во 07:30 часот. Се патува преку граничниот премин Tабановце. Патување преку Србија, Хрватска, Словенија, Италија, со попатни паузи и гранични формалности. Ноќно возење.
2 ден-сабота 11.01.2020.LES 2 ALPES : Пристигнување во попладневните часови и сместување во апартманите. Слободно попладне за запознавање со местото. Ноќевање
3–8 ден 12-17 јануари 2020. LES 2 ALPES: Шест дневно скијање во LES 2 ALPES. Ноќевање.
9. ден-сабота 18 јануари .2020 LES 2 ALPES – СКОПЈЕ: Напуштање на собите до 10:00. Поаѓање за Скопје со попатна посета на еден од најголемите шопинг аутлет центри во Италија – VICOLUNGO, непосредно пред Милано.
10 ден – недела 19.01.2020. СКОПЈЕ: Пристигнување во попладневните часови.

Во цената е вклучено:
- Превоз со високотуристички автобус со LCD TV, DVD на релација Скопје – LES 2 ALPES – Скопје.
- 7 дневно сместување во одбрани студиа / апартмани според ценовникот во LES 2 ALPES.
- 6 дневен скипас за стазите на LES 2 ALPES*.
- Бесплатен влез, еднаш дневно на лизгалиште, со вкл. 6.дневен ски пас (лизгалки не се вклучени).
- Бесплатен влез, еднаш дневно во базен, во центарот на ресортот.
- Ски водичи за време на целата тура кои престојот ќе ви го направат попријатен.
Во цената НЕ Е вклучено:
- Задолжително патничко осигурување со вклучен додаток за спортско скијање: 525 денари.
- Туристичка такса од 1-2,53 на ден по лице. Се плаќа на лице место.
- Ски карта за Ски пас : 2 еврасе плаќа на лице место задолжително. Неповратно.
Детали за сместувањето овде
skimacedonia
