Покрај неизбежноста на нашите планини , сите кои сакаат дополнителни километри скијање на голема надморска височина оваа сезона планирана е посета на пет дестинации. Нехар ги организира за сезонава најдобрите ски центри во Франција и едни од водечки во светот. Tрендовски центри, опремени со најмодерените гондоли и ски лифтови, беспрекорно процесирани патеки кои можат да опслужат илјадници скијачи и бордери притоа задоволувајќи ги сите барања за снежна забава. За димензиите на ски патеките нема потреба од дискусија, ваше е да имате доволно енергија да стоите исправени на нозе. Имајте во предвид , цените се first minute понуди кои важат до 30 септември и можност да ги скијате Француските Алпи по прифатливи цени. Местата забрзано се резервираат и пополнуваат.
Portes du Soleil, 03 – 12 јануари 2020
Les2Alpes, 10 – 19 јануари 2020
Tignes & Val d’ Isere, 17- 26 јануари 2020
Val Thorens, 24 јануари – 02 февруари 2020
24 јануари ски тура Val Thorens за скијачи кои не се заситуваат
Paradiski Les Arcs, 31 јануари – 09 февруари 2020

skimacedonia
