Италијанките со 1-2 победа во SuperG

Sofia Goggia St. Moritz Switzerland

Sofia Goggia на прво место заедно со Federica Brignone на второто славеа на подиумот во super G на Светскиот Куп во St. Moritz, Switzerland, изминатиот викенд.

Ова беше прва победа за Goggia на трка од Светски Куп откако претрпе судар со возило во Италија пред 8 месеци. Таа сега се шегува за сообраќајната незгода која била опасно извртување на раб на еден планински пат кога нејзиното Audi го напушти лизгавиот пат во Sestriere во обид да избегне кола.

“Јас сум повеќе позната по оваа незгода, отколку по олимпиското злато” изјави Goggia после победата во super-G .

“Неверојатно е што нашиот тим го делеше подиумот и радоста,” изјави второпласираната Brignone

Mikaela Shiffrin на трето место е повторно на подиум со италијанките втор пат во две недели. “Тие се сите одлични скијачки и имаат агресивен мајнд сет,” изјави Shiffrin за нејзиното позитивно ривалство со тимот на италијанките.

Во многу тесна трка, дури 10 скијачки беа во рамки на 1 секунда од победникот. Nicole Schmidhofer заврши четврта.

Viktoria Rebensburg од Германија која заврши на 10то место, а е водечка по бодови на super-G табелата.

 

banner_atlantiSmk2020

 

 

 

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки