Кралицата и кралот над Загреб

Петра Влхова провозе секунда плуст на слаломската трка во Загреб, пред неприкосновената Микаела Шифрин која најчесто ја гледаме на првото место. Влхова, последен пат ја совлада Шифрин пред една година на трката во Флахау, а денес доминираше во двете возења. Влхова ја заврши втората трка со време за 1,32 секунди подобро од она на Шифрин,  третопласирана заврши Катарина Лајнсбергер со 3,49 секунди послабо време од Влхова. „Оваа победа е многу значајна за мене затоа што дека Шифрин скијаше многу брзо. За да победам, морав да ризикувам цело време, и за среќа успеав“ – изјави на крај Влхова.

Французинот Клемент Ноел се запиша за победник на првиот слалом годинава, пред швајцарецот Зенхаусерн, а повеќе изненадување беше третото место за италијанецот Алекс Винацер чии најдобар резултат до сега беше 12 место на трката во Леви.

Паралелно додека траеше настанот, најдобриот скијач во хрватска историја, Ивица Костелиќ, упати жестоки критики за квалитетот на патеката во Сљеме. Тој на телевизија искоментира „Кој го поставуваше ова, па ова е идиотизам. Нема врска со Светски куп, ова е патека за деца. Луѓето кои го водат Светскиот куп мора добро да размислат што ќе прават понатаму“  Претходно додека заедно со сестра му Јаница владееше на патеките, неговиот татко, Анте Костелиќ долги години беше критикуван од страна на самите скијачи заради тоа што поставуваше исклучително тешка патека за техничките дисциплини.

 

fisalpine--1578292193689 sljeme zagreb snow queen fisalpine--1578292193487 sljeme zagreb snow queen fisalpine--1578292193246 sljeme zagreb snow queen fisalpine--1578292193056 sljeme zagreb snow queen fisalpine--1578292192850 sljeme zagreb snow queen fisalpine--1578292192626 sljeme zagreb snow queen fisalpine--1578292192419 sljeme zagreb snow queen fisalpine--1578292192183 sljeme zagreb snow queen fisalpine--1578292191956 sljeme zagreb snow queen fisalpine--1578292191476 sljeme zagreb snow queen

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки