Многу новини и промо период за сезонски карти – Ски Маврово

Искористете го промотивниот период и бенефитите од сезонска карта, бидете први на ски патеките на Бистра.

DSC03628-mavrovo-jam-session

Неодамна објавивме дека ски центарот Маврово, сезонава ќе биде што се вели актуелно “на најјако”. Ќе има повеќе новини, секако една од најважните е системот за заснежување што ќе овозможи планирано ски отварање на новата сезона. Овде е важно да се напомене дека цените на ски картите ќе останат исти и покрај инвестициите во снежниот систем.

Дополнително, центарот се засилува со човечки ресурси како што е Марко Дарков од SSNL Битола кои ќе придонесат за активен снежен парк, фан зона која е планирано да биде во функција цела сезона, баш како што треба со фан парк елементи и соодветни снежни скокови.

Покрај тоа сезонава се планирани поголем број настани, ски и сноуборд натпревари под ФИС, Mavrovo Thrones, Jam Session, покрај веќе традиционалниот Хуманитарен Велеслалом.

Ноќно скијање секој викенд, во јануари и февруари, нова мапа на ски центарот, патокази и инфо табли низ ски центарот, ски патрола.

Во рамките на забавата и ноќниот живот, новина е кафе – барот “Ски Школа” како и поквалитетно фунционирање на дискотеката “Ратрак” кои ќе бидат под капата на веќе добро познатиот бренд од ноќниот живот , скопскиот “Кино Карпош”.

08.02.15 mavrovo

Ски сезоната наближува па ако сакате да бидете први на стаза, да го јадете шлагот, искористете го промотивниот период и бенефитите од сезонска карта за белата Бистра.

Купување на сезонска ски карта за ски центарот Маврово е во 2 чекори:

чекор 1 – уплата преку е-банка, најблиската ваша филијал или пошта

Информации кои се потребни да се изврши и верификува уплатата се по примерот на вирманот:

– Име и презиме и адреса од лична карта на корисникот на ски картата (за деца само име и презиме)

– Цел на дознака: Уплата за сезонска ски карта за (име и презиме)

– Датум и место на уплата

– Назив на правно лице: ДТУ Ски Центар Заре Лазаревски – Маврово, с.Маврово

– Жиро Сметка: 200-0000916163-95

– Износ: 9990,00 денари

pp10 ski centar mavrovo ski passчекор 2 – При подигнување на картата на билетарата на ски центарот во Маврово, потребно е да приложите копија од уплатницата, ќе бидете сликани и ќе ви биде издадена сезонската ски карта.

Напомена: Повратен депозит во износ од 150,00 денари за чипуваната/дигиталната ски карта ќе бидат наплатени при издавање на ски картата. Истите ќе можете да си ги вратите на крај на сезона при поврат на ски картата во депозит машината лоцирана до билетарата на ски центарот.

 

 

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки