Со цел да се подобри транспортниот сервис кон центарот, како и да се намалат преголемите гужви, Ресорт Маврово воведува SKI SHUTTLE за време на активната ски сезона.
Ски центарот Маврово воведува бесплатна локална автобуска линија за сите скијачи и сноубордери. Стартна односно прва станица е Маврови Анови и останати 7 други попатни станици во правец накај ски центарот.
Поаѓање на автобусот од почетна станица SKIBUS 1 ќе биде секој ден од 09:00 часот и 11:00 часот. А враќањето од центарот кон Маврови Анови од станица SKIBUS 9 е во 14:30 часот и 15:30 часот
Автобусот ќе застанува на следните постојки:
SKI BUS 9 – Ски Центар
SKI BUS 8 – Кај Потопената Црква
SKI BUS 7 – Кај Новата Црква
SKI BUS 6 – Кај Гордана
SKI BUS 5 – Кај Носелце
SKI BUS 4 – Кај Југобанка
SKI BUS 3 – Кај Егејците
SKI BUS 2 – Кај Сандра
SKI BUS 1 – Кај Тетка Вики
Постојките се на видно место обележани со таблички во сина боја со ознаки за автобуска постојка и име на постојката.
Ски бус сервисот е наменет за сите оние кои имаат ски и сноуборд опрема.
skimacedonia
