Tag Archives: ски центар маврово

Ски бус сервис околу мавровските населби

49389793_ski bus shuttle mavrovo ski centar

Со цел да се подобри транспортниот сервис кон центарот, како и да се намалат преголемите гужви, Ресорт Маврово воведува SKI SHUTTLE за време на активната ски сезона. Ски центарот Маврово воведува бесплатна локална автобуска линија за сите скијачи и сноубордери. Стартна односно прва станица е Маврови Анови и останати 7 други попатни станици во правец накај ски центарот. Поаѓање на …

повеќе »

Ноќно скијање Маврово

08.02.15 mavrovo

Оваа Сабота 29.12.2018, започнува ноќното скијање. Скијањето ќе биде овозможено на Eдносед стазата од 19:00 до 22:00 часот. Патеката е во добра кондиција, внимавајте на ледени блокови. Цената на ски картата изнесува 650 денари, за деца до 12 години 550 денари  

повеќе »

Маврово – Новиот систем за заснежување во погон

snow canon system mavrovo

Маврово 10.12.2018 – Новиот систем е веќе инсталиран и се користи амбиентот за тест. Температурите и условите не се идеални и фали оној добар констанен минус за да се подготви квалитетна маса на снег. Наскоро и објава на датум за старт на сезона. View this post on Instagram Live aerial, artificial snow production in progress 🌨️🤗☃️ mavrovo drone @guidedpopov 👌 …

повеќе »

Многу новини и промо период за сезонски карти – Ски Маврово

DSC03628-mavrovo-jam-session

Искористете го промотивниот период и бенефитите од сезонска карта, бидете први на ски патеките на Бистра. Неодамна објавивме дека ски центарот Маврово, сезонава ќе биде што се вели актуелно “на најјако”. Ќе има повеќе новини, секако една од најважните е системот за заснежување што ќе овозможи планирано ски отварање на новата сезона. Овде е важно да се напомене дека цените …

повеќе »

Ски центарот Маврово сезонава на најјако

mavrovo ski macedonia 154055

Цела скијачка заедница е радосна кога се прави нешто ново, макар било тоа и нова чечкалица на маса. Мавровци се погрижија сезонава да биде поинаква од сите останати. Инсталацијата за заснежување е во напредна фаза, а првите вештачи снегулки се очекуваат во декември или барем тогаш кога и студот ќе биде соодветен. Заснежувањето на Едносед патеката, ќе го унапреди рекреативното …

повеќе »

Како напредува поставувањето на системот за вештачки снег во Маврово

mavrovo bistra galicki belicki lift medenica ski pateka ednosed ski tereni

На патеките на Бистра во ски центарот Маврово интензивно се работи. Досега поставени околу 800 метри од инсталацијата, се очекува работите да бидат завршени до почетокот на декември. Опремата е од реномираната италијанско-австриската DemacLenko која изминативе години веќе работеше на комплетни или делумни решенија во светски познатите ски центри како што се Шамони, Кицбил, Ст.Мориц, Кронплац, Марибор, Монтафон и др. Повеќе од видеото …

повеќе »

Ски центарот Маврово конечно со посериозен систем за заснежување на патеките

mapa mavrovo

Од следната сезона стазата Едносед ќе биде третирана со систем за вештачки снег. Опремата од денес ќе биде во процес на монтажа и се планира да биде во фунцкија до почетокот на месец декември. Опремата е од реномираната италијанско-австриската DemacLenko која изминативе години веќе работеше на комплетни или делумни решенија во светски познатите ски центри како што се Шамони, Кицбил, Ст.Мориц, Кронплац, Марибор, …

повеќе »

Низ Бистра до крајот на сезоната за 500 денари

20170121162716_IMG_1283- bistra mavrovo sun tracks

Скијањето на Бистра до крајот на сезоната ќе чини 500 денари за цел дeн. На Маврово снег има повеќе од доволно. На ски патеките владеат пролетни услови и засилено сонце. Внимавајте на ледени блокови на стазите во долниот дел под едносед, двосед.  

повеќе »

Од оваа сезона новина за инстаграмџиите

20171214_221729_mavrovo ski centar

Од оваа сезона во Ски Центарот во Маврово, како новина се постави дрвен натпис на кој пишува “МАВРОВО”, за кој Мавровци се надеваат и очекуваат дека ќе биде овогодинешна атракција за инстаграмџиите кои сакаат својата посета на ски терените и планинските убавини да ја обележат со убава фотографија. Буквите се наоѓаат близу  горната станица, двосед жичарата над Трифкова колиба, поставен на локација …

повеќе »
Оди на лентата со алатки