Mikaela Shiffrin како повратник со победа на трката во велеслалом во Lienz стигнува до 63 победи во кариерата од Светскиот Куп Shiffrin, се врати на врвот со победа во веле слалом во Австрија.

Mikaela Shiffrin го одбележа своето враќање на патеките на Светскиот Куп во Алпско скијање со стил во забележителна победа на велеслаломот во Lienz, Austria.
Откако заврши на разочарувачко и изненадувачко за неа 17то место во Courchevel, Франција, таа ги прескокна трките од минатиот викенд во спуст и алпска комбинација во Val d’Isère кои и онака се откажа заради лошо време.
Со поразот во Courchevel италијанката Federica Brignone, го презеде водството во генералниот пласман во велеслалом во трката за кристалниот глобус.
Shiffrin после победата во Lienz на својот твитер профилот напиша интересна честитка:
Wellllll I wanted to try for @valdisere. I was pretty excited, really-and it would have been the first time that I made that schedule work…but I have to get some work done now, so Merry Christmas and see you in Lienz! Wishing my teammates the best of luck in Val d’Isere.
Mikaela ShiffrinVerified account @MikaelaShiffrin
Shiffrin уште на првата трка оствари низ целата патеката подобро време од Marta Bassino од Италија која оствари рано водство.
Така американката заврши за 0.61 секунди побрзо од Bassino и Brignone од Италија кои беа единствените скијачки со заостанување под 1 секунда. Со тоа пред второто возење се здоби со убава предност.
Katharina Liensberger од Австрија пак и даде на домашната публика радости откако со страпно добро возење изби на прво место со 6 скијачки до крајот.
Brignone, заостана на втората трка зад Австријката но Bassino го презеде водството од Liensberger и постави таргет за Shiffrin. Сепак ова не се покажа како вистинска закана за Американката која со едно лесно и мазно возење заврши со 1.36 секунди пред Италијанката. Shiffrin води во генералниот пласман со 646 поени пред Federica Brignone од Италија со големи 215 поени задоцнување.
Со ова Американката стигна до своја 63та победа во кариерата по што го прослави ова остварување со уште еден твит за тимот на САД земајќи предвид дека сега е на второ место единствено после скоро пензионираната Vonn. Двете најуспешни женски скијачки се разликуваат по дисциплините, Vonn оствари нејвеќе победи во спуст а Shiffrin во велеслалом.
skimacedonia