Заради зголемениот интерес за Alpe d’ Huez, ќе оди уште еден автобус во истиот термин со останатиот дел од групата. Дополнително за терминот 25 јануари се воведува уште една варијанта за Serre Chevalier која промотивно до 15 ноември ќе биде по цена до 359 евра (сместување, превоз и ски карта). Автобуските места за Tignes & Val d’Isere се веќе пополнети и останува варијанта за неколку апартмани со сопствено превоз. Последната тура на која се оди во Val Thorens е закажана од 1 до 10 февруари 2019, цената е 489 евра со вклучен превоз, сместување и ски карти. Цените се first minute понуда, а бројот на слободни места е ограничен.
Alpe d’ Huez е една од четирите организирани тури на Нехар Травел за Француските Алпи кој веќе втора година по ред е комплетен организатор и преставува специјализирана тура за вљубениците во скијањето и снежните планински пејсажи.
Alpe d’ Huez е еден од најпознатите ски центри на Француските Алпи и European Best Ski Resort за 2017 година, со широк спектар на понуда за задоволување на вкусовите на голем број љубители на ски туризмот. Скијањето се одвива на висина од 1800 до 3300 метри.
Гратче кое е сместено на 1860 м и е една од најголемите туристички точки во својот регион, пропратено со бројни помали амбиентални населби во подножјето на масивот Les Grandes Rousses. Alpe d’ Huez е сместен на јужните падини од Француските Алпи, располага со 300 дена планинско сонце и благодети од медитеранот. Лифтови кои се лесно достапни, пешки и нема потреба од дополнителен транспорт.
Центарот има над 230 км ски патеки од сите профили поврзани со седумдесетина ски лифтови кои имаат технички капацитет од скоро 90.000 скијачи на час. Структурата на патеки покрива 43 зелени, 38 плави, 40 црвени и 16 црни ски патеки. Како и 50 км на крос кантри патеки и комлексни off-piste секции. Центарот располага со снежни фан паркови и ноќно скијање. Секако ако сакате непотребно сами себе да си се вознемирувате и да си кревате адреналин на располагање ви стојат патеки како La Tunel која преставува вртоглава стрмнина и зависно од условите може да биде многу возбудлива но и крајно непријатна.
Највисокиот врв на масивот Les Grandes Rousses е 3300 метарскиот Pic Blanc од каде може да скијате на една од најдолгите црни стази на алпите Sarenne долга скоро 18 км. Генерално таа патека содржи плава и црвена класификација, но носи црна маркација заради почетниот стрмен дел од кој доколку се решите да се пуштите нема пишман враќање назад. 🙂
Alpe d’ Huez може да се пофали со четири патеки чии vertical drop изнесува над 2000 метри.
Околината располага со боб стаза, слалом патеки, фан паркови, голем отворен базен со топла вода, ледена пештера со ледени скулптури, зајдисонце со супер алпски пејсажи. А за после скијање ако тоа ви е малку, на располагање имате, ноќни клубови, барови и ресторани. Цените на ноќниот живот се во рамките на францускиот стандард, а на располгање ви стојат бројните големи маркети, каде може да купите се што ќе посакате од храна и пијалоци по нормални цени.
Во прилог накратко брзи информации, а за повеќе инфо Нехар Травел.
Следи го facebook евентот
Нехар Травел за сезонава оваа тура во Alpe d’ Huez ја организира во периодот од 4 – 13 јануари 2019 година. Со цени кои почнуваат од 329 евра по лице која го вклучува, превозот со високотуристички автобус, 7 дена сместување во студио-апартмани, 6 дена ски карта плус 2 дена ски карта за соседниот ски центар Les 2 Alpes, а на турата има и туристички водичи кои ќе бидат асистенти во текот на целиот престој.
skimacedonia








