Како извозеа победниците во натпреварите викендов

Federica Brignone 2

Federica Brignone целата во насмевки по освојување на женскиот велеслалом во саботата во Killington, САД. Три месеци откако заврши на штаки после повредата на нејзиното лево колено на тренинг, не и требаше предолго да се врати во полна брзина. Brignone на ветровитото попладне во Vermont, ја извозе совршено патеката пред водечката во првата трка Ragnhild Mowinckel од Норвешка и австријката Stephanie Brunner (прв подиум во кариерата на Светски Куп), додека домашниот фаворит, американката Shiffrin заврши на четврто место.

Mikaela Shiffrin победи на неделниот слалом во Килингтон. Таа скијаше низ магла и ги остави зад себе словакињата Petra Vlhova и Олимписката шампионка Frida Hansdotter од Шведска.  “Со првото возење снегот беше прелесен и не притискав премногу” На второто возење притиснав многу посилно. Понекогаш давам премногу за да се осигурам дека сум во игра, но ризикувам да останам на патеката. Ризикот не го мерам секогаш.”

Kjetil Jansrud доминираше на Super G трката во канадскиот Лејк Луис победувајќи ги австрискиот ривал, Vincent Kriechmayr и швајцарскиот адут Mauro Caviezel.

Max Franz беше победник на првиот супст во сезоната, триумфираше во најбрзата дисциплина во Лејк Луис. За Франц, кој не беше очекуван на подиумот, ова е втора победа во кариерата.

 

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки