Во Европа, постојат бројни ски центри од мали до големи, монденски, ултра бучни и забавни за млади, до тивки и рекреативни ски центри фамилијарни топ дестинации. Според обемна анкета на European Best Destinations од Брисел одговорна за равојот и промоцијата на културата и туризмот во Европа е направена селекција и избор на топ 15 ски ресорти за 2019. Од нив ги издвоивме првите 5
#1 Првото место го завзема францускиот центар Alpe d’Huez кој е еден од најпознатите ски центри на Француските Алпи и European Best Ski Resort и за 2017 година, со широк спектар на понуда за задоволување на вкусовите на голем број љубители на ски туризмот. Скијањето се одвива на висина од 1800 до 3300 метри.
Гратче кое е сместено на 1860 м и е една од најголемите туристички точки во својот регион, пропратено со бројни помали амбиентални населби во подножјето на масивот Les Grandes Rousses. Alpe d’ Huez е сместен на јужните падини од Француските Алпи, располага со 300 дена планинско сонце и благодети од медитеранот. Лифтови кои се лесно достапни, пешки и нема потреба од дополнителен транспорт. Од оваа сезона Нехар Травел своите неколку специјализирани ски тури наменети за сите уживатели на скијањето ги започнува токму со оваа дестинација.
#2 Годинава Livigno е на второ место на европскиот подиум на најдобрите скијачки центри во Европа. Прв од меѓу италијански ски-центри повторно. Скијачкиот регион Livigno вклучува 115 км алпски ски патеки, на висина од 1800 до 2900 метри со вкупно 12 црни патеки, 37 црвени и 27 сини, опслужени со 6 кабли (Carosello 3000 I и II, Мотолино, Ливињско Центро Таглиед I и II, Cassana), 14 жичници и 11 ски-лифтови.
#3 SkiWelt Wilder Kaiser е австриска најповрзана ски зона, 280 км ски патеки, 90 гондоли, над 70 ски домови, област кој ги поседува едни од најубавите планински куќи и ресторани во Австрија. Платформи за сунчање, снежни барови и ресторани повеќето од нив фамилијарни бизниси кои ве мамат да застанете на кратко да одморите и уживате во вкусното јадење.
#4 Kitzbühel, Австрија. Добитник е на титулата најдобар ски центар во светот речиси секоја година, локација која е совршен избор за скијачите во потрага по најдобрите скијачки патеки во Европа. Исто така Kitzbühel е на прво место на најдобрите скијачки центри во Европа за Нова Година и на прво место од најубавите скијачки центри воопшто во Европа. Дом на една од најпознатите скијачки трки од Светскиот куп во Алпско скијање.
Најсофистицираното тиролско одморалиште привлекува посетители од целиот свет, вклучувајќи и познати личности, со традиционален карактер во комбинација со модерниот стил. Бројни меѓународните настани, ресторани со повеќе награди кои служат за креативна кујна и најсовремен конференциски центар покажуваат како Kitzbühel успева да се движи со времето додека останува верен до своите корени. 
#5 Crans-Montana еден од водечките ски-центар во Швајцарија. Оваа година во првите пет од во Европа и на прво место од скијачки центри во Швајцарија. Со своите езера, шуми, глечери и виногради, регионот има многу што да понуди на секој љубител на природата. Спортските фанови, исто така ќе бидат воодушевени затоа што на располагање имаат широк спектар на угостителски услуги посветени на спортските активности, додека културните приврзаници може да уживаат во музеи, настани и фестивали. Се протега од долината на Рона на надморска височина од 500 метри со до глечерот Plaine Morte на околу 3.000 м. Кранс-Монтана е сончев регион со неверојатен панорамски поглед на низа познати врвови што се протегаат од калибарот на Dufourspitze, Mont Blanc се до Matterhorn. Всушност, Crans-Montana ги комбинира сите придобивки од урбаниот животен стил префрлени во планината, со широк избор на ресторани, од планинските колиби до наградуваните ресторани, бројни бутици и продавници, велнес центри, забави и живописен ноќен живот.
Во прилог листата на сите 15 ски центри
skimacedonia





