Schmidhofer комплетира двојна победа во Lake Louise, Shiffrin ги оствари своите цели

Nicole-Schmidhofer-remporte-premiere-victoire-Coupe-monde-alpin-descente-Lake-Louise

Schmidhofer комплетира двојна победа во Lake Louise

Австријката Nicole Schmidhofer ја забележа својата втора победа во Светскиот Куп во спуст во саботата со втора победа во Lake Louise.

Schmidhofer, ја освои својата прва спуст трка во кариерата во Светскиот Куп во петокот и со повторнo најдобар резултат во саботата со уште една победа и резултат од 1:47:68.

Таа призна дека после победата во петокот не очекувала толку бргу уште еден триумф. “Но навистина сум среќна и горда на сето ова,” вели Schmidhofer.

Таа го предводеше двојниот триумф на австријките пред второпласираната Cornelia Hutter за 44 стотинки, додека швајцарката Michelle Gisin заврши трета со 47 стотинки заостанување.

“Имаме навистина позитивна енергија во целиот тимот заедно со тренерите, затоа сме толку брзи” вели Schmidhofer за тимот на Австрија. “Многу се забавуваме и нема голема конкуренција меѓу нас, сите сме добри пријатели.”

Mikaela Shiffrin Lake Louise

Американката Mikaela Shiffrin, која заврши на четврто место во брзинската трка во Lake Louise ја консолидираше својата позиција, водство во севкупниот пласман.

Со 489 поени таа веќе има добра предност. На завршниот ден во Lake Louise во неделата со super-G Mikaela Shiffrin се приклучи на водечката група со прва победа во super-G

Една од целите на Mikaela Shiffrin сезонава беше да стане седмата жена скијач со победа во кариерата во секоја дисциплина од Светскиот Куп. Тоа го стори во својата прва прилика.

Shiffrin ја зграби својата прва победа во super-G со резултат подобар за 0.77 секунди во Lake Louise, Alberta. Shiffrin изјави дека не била подготвена целосно за super-G, па и не очекувала некоја одлична трка. Таа сега има 46 победи во Светски Куп.

Останатите шест со ваков дострел се: Lindsey Vonn, Tina Maze, Janica Kostelic, Anja Pärson, Pernilla Wiberg и Petra Kronberger.  Shiffrin е последна што влезе во ова навистина елитно друштво.

U.S.-Team-with-Mikaela Shiffrin hero

“Ова беше една од моите цели да победам во секоја дисциплина кога започнав да се натпреварувам… една од оние цели за кои мислите дека никогаш нема да ги остварите,” вели Shiffrin.

Следните трки се враќаат на стариот континетн во Европа, Светскиот Куп се сели во St. Moritz,  наредниот викенд со трки од super-G и паралелен слалом.

 

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки