Помодрената и повредена, Lindsey Vonn пристига на нејзината последна трка

Помодрената и повредена, Lindsey Vonn пристига на нејзината последна трка

Нејзините колена се оштетени до неповрат и Vonn планира повлекување после трката во спуст

Lindsey Vonn are sweden

Со модринки и црвени траги окoлу нејзините очи Lindsey Vonn наликува на боксер, но упорноста е карактеристика на спуст скијачките.

“Спустот е несигурен спорт, има судари постојано, секојдневно,” вели Vonn. “Ако сакате да бидете здрави и прави веројатно треба да се занимавате со друг спорт.”

Vonn како и нејзината сонародничка Ross ги покажаа последиците од сударот на социјалните мрежи, ден после излетувањето во заштитните мрежи.

Vonn со своите 34 години во кариерата стана позната по враќања од опасни и спектакуларни излетувања и поврат на патеките после страшни судари. Како што и пишува на нејзиниот Инстаграм нејзиното мото е “if you fall, pick yourself back up”.

Сега дојде до својата последна трка, последна битка.

Нејзините колена се веќе упропастени и Vonn се одлучи да се повлече после трката во спуст која ќе се одржи во недела на светското првенство во Шведска.

“Едноставно неможам да притискам преку границите,” Vonn вели. “Се вратив многупати од многу повреди и повеќе не сум способна да го сторам повторно. Тоа е животот…Не може секој да биде Tom Brady и постојано да победува во Super Bowl по стоти пат.”

Како и Brady кој во неделата го освои својот рекорден шести прстен со свои 40 плус години како Квортербек на шампионот Patriots во NFL, Vonn има трофејна колекција која многумина спортисти можат да ја посакаат и за која може да сонуваат: нејзини 82 победи во Светски Куп се пред се најмногу за една скијачка, а дојде на само пет победи до рушење на рекордот поставен од Шведската легенда Ingemar Stenmark. Исто така има освоено три Олимписки медали вклучително и злато во спуст, а седум медали на Светски Шампионат и четири кристални глобуси на Светскиот Куп.

Lindsey Vonn 2

“Ако ги погледнете сите повреди кои ги претрпев, а притоа и победите кои ги имам, тоа е нешто неверојатно,”.

“Горда сум на тоа без разлика дали се 82 а не 87.  Посакував да стасам до 87 но не и да го ризикувам остатокот на мојот живот.” изјавува Vonn.

Додека се опоравува од последното излетување и го пропушта тренингот во спуст, ужива во лежерен ручек со своите тимски колеги.

Баш вакво заминување најави кога се одлучи да се откаже од спортот по незавршената super-G трката во Cortina d’Ampezzo, Италија, минатиот месец.

“Не сакав да си заминам во Cortina. Сакав да се поздравам со сите. Убаво беше да добијам пораки од моите колеги скијачи, тренерите како и сите мои пријатели кои ми даваа поддршка со години. Навистина беше топло и пријатно за мене ова и процесот на пензионирање го чини полесен поради сите реакции кои ги добивам.” Vonn изјави.

Кога се ќе заврши, на Vonn најмногу ќе и недостига летањето по патеките, брзањето удлогу и со брзини од преку 120 километри на час.

“Неможете во ништо друго да најдете таков адреналин при толкави брзини со ризикот кој е вклучен во скијањето. Слично чуство добив кога возев Формула 1, но и покрај тоа не ми беше исто. Вашето тело не е физички изложено на удар. Имам потреба од брзина и не знам како ќе ја пополнам таа празнина, бидејќи нема да скијам вака брзо на рекреативните патеки. Депресивно е. Животот без брзото возење не ми изгледа среќен.” Vonn додаде.

 

vonn

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки