Крај на една ера: Lindsey Vonn
Позната како најуспешната женска скијачка во светот Lindsey Vonn е една од ретките скијачки, суперб светска класа за сите четири ски дисциплини. Таа е единствената американка со четири титули во Светскиот Куп. На 20 годишна возраст, Vonn ја обезбеди првата победа во Светскиот Куп во Lake Louise, Alberta. Оттогаш наваму достигна all-time победнички рекорд за жени со 82 победи во Светскиот Куп.
Како најуспешна женска скијачка на сите времиња и една од само 6 жени да освојат трка од Светскиот Куп во сите пет дисциплини од Алпско скијање, Lindsey кога не патува по светот ужива со своите три кученца дома во Vail, Colorado или Los Angeles, California.
Говорејќи на бизнис настан деновиве во Њујорк , Олимписката шампионка и најтрофејна женска скијачка од алпско скијање Lindsey Vonn објави дека сезоната 2018-19 ќе и биде последна во кариерата без разлика дали ќе го сруши рекордот на Ingemar Stenmark за вкупен број на победи од Светскиот Куп.
Со нејзините 82 победи во кариерата од FIS Ski Светскиот Куп, само четири зад рекордот на Stenmark со 86 победи, Vonn објави за прв пат дека ќе се повлече од натпреварувањата на крајот од сезоната. На NBC Sports после ивентот во ЊуЈорк изјави “доколку го освојам рекордот, тоа ќе биде остварување на сонот,” вели Vonn пред да земе збор на бизнис ивентот на Manhattan вчера.
“И доколку не успеам во тоа, мислам дека имав доволно успешна кариера без разлика на се. Сепак сум најтрофејната жена скијачка на сите времиња.”
Минатата сезона, Vonn имаше пет победи од Светскиот Куп и покрај тешкиот почеток на сезоната со паѓање во Lake Louise—што често се нарекува “Lake Lindsey” со неверојатни 18 победи од Светскиот Куп вој тој центар (14 спуст и 4 super-G победи). Во 2015г, Vonn имаше хет трик од победи на Lake Louise.
“Lindsey Vonn е вистинска икона на скијањето. ” Веста дека престојната сезона и е последна во кариерата е за поздравување бидејќи сите ќе имаме можност да ја гледаме оваа неверојатна спортистка и го проследиме последното поглавје од нејзината блескава кариера. Од Ски и сноуборд федерацијата на САД изјавија дека оддаваат почит на ова поглавје од животот на Lindsey’ .”
Сега таа се поврзува со тим на успешни мали бизнисмени и експерти со Chase Ink® Business Credit Cards и истражува што е следно истражувајќи како е да се биде претприемач. Оваа соработка која започна во New York собирајќи ги малите бизниси на заедничка трибина на тема, “Зад терените со Lindsey Vonn: настан за мали бизниси”.
Само на неколку победи од надминување на рекородот на сите времиња во нејзиниот спорт, Vonn се навраќа на тоа како животното искуство и лекциите на скијачките патеки се пренесуваат природно во домен на менаџирање на раст во бизнисот и раководење со ресурсите “ Beyond the Slopes.”
“Спустот захтева од мене максимизирање на моментот на патеките односно стрмните делови што треба да ми даде забрзување на рамните делови. Ја користам таа иста бестрашност за да истражам што е следно за мојата кариера,” вели Vonn.
“Но исто како и во мојата скијачка кариера, клучно е да се опкружам со успешни ментори бизнисмени од доменот на малиот бизнис и тренери, клучот во поддршката за формирање на следната етапа од мојот живот и мојата се овие неверојатни релации.”
“Lindsey е лицето на спуст скијањето и овој нејзин успех оди над нејзиниот вроден талент, таа ги надмина предизвиците на секоја кривина и ги растегна границите. Chase Ink и бизнис заедницата во САД се позврза со неа барајќи нови можности во бизнис светот, користејќи ја нејзината пасија во спортот, согласно изјавата на Генералниот менаџер на Chase Ink business cards.
На Vonn и требаат само пет победи оваа сезона за да го надмине рекордот на Stenmark и да остане запаметена во историјата како најтрофеен скијач на сите времиња.
Ова ќе биде сезоната што ски фановите и љубители на алпското скијање не смеат да ја пропуштат!
skimacedonia

