Италијанецот Dominik Paris го освои златото во машкиот Super-G на Светскиот Шампионат во Алпско скијање во средата, заработувајќи го својот прв медал на едно големо натпреварување. Прв медал на ваков Шампионат за Италијанецот беше сребрениот, зад Svindal во 2013 година на спустот во Schladming.
Paris, на исклучително ведар ден ја помина целта со 0.09 секунди предност пред Французинот Johan Clarey и Австриецот Vincent Kriechmayr кои беа изедначени за сребро.
Победникот од 2011 година во Super-G Италијанецот Christof Innerhofer, заврши на четврто место.
Dominik Paris ја круниса извонредната сезона со победата во Super -G. Paris започна од позиција бр.3 и не беше задоволен кога ја пројде целта. Но неговото време остана прво. “Не бев сигурен дали направив доволно,” изјави Paris. “Притиснав силно но направив неколку корекции при крајот каде изгубив време и брзина. Потоа чекав долго за да видам дали има побрзи од мене.”
“Ова беа навистина тешки услови со светлоста и отсјајот, со блескава белина при што не се познаваа испакнатините” вели Paris додека нервозно чекаше на финишот. “Беше навистина тешко со брзините, да се задржи контролата. Имав една грешка доле на патеката и мислам дека изгубив премногу време таму.”
Paris е во одлична форма сезонава на Светскиот Шампионат, победувајќи на страшниот спуст во Kitzbuehel во јануари како и на super-G и спуст на домашен снег во Bormio во декември кои се сметаат за две најтешки трки.
Доста се очекуваше од Норвешкиот тим , но Kjetil Jansrud, кој се опоравува од повреда исто така потфрли, а нрвешкиот великан Aksel Lund Svindal, Олимписки шампион во спуст кој изјави дека се пензионира после Are, не успеа да избори пласман во топ 15.
“Излезе дека беше многу потешка трка од што очекував,” изјави Svindal. “Телото го чуствувам добро. Спремен сум за спустот.”
“Тој е најдобриот во светот кој балансира помеѓу тактичкиот дел во сооднос со брзината и ризикот,” Jansrud изјави за Paris. “Таква умешност се бара на оваа патека. Тој тоа го прави најдобро на светот и оствари заслужена победа.”
skimacedonia
