Време е да се поздравиме, Vonn e со премногу болки за да продолжи понатаму. Нејзините колена ја болат, Lindsey Vonn размислува за инстант повлекување од спортот. Веројатно едно поглавје од кариерата на Lindsey Vonn се затвора во Cortina d’Ampezzo, но не онака како очекувавме.
Lindsey Vonn веројатно ја извозе својата последна трка на Светскиот Куп…сметана за најдобрата Алпска скијачка на сите времиња, веројатно ја извозе својата последна трка како што стојат работите, после неуспехот во nеделата да ја заврши super-G трката во Cortina.
34-годишната американка, која беше сардисана од повреди на коленото во својата кариера од преку 18 години, планираше да продолжи со скијање се до крајот на сезоната, во тажното интервју за медиумите после трката изјави дека може уште веднаш да ги закачи скиите на ѕид.
Vonn која го држи рекордот за жени со 82 скијачки победи на Светски Куп се наоѓа само за четири победи зад рекордот на сите времиња од било кој скијач. “Не сакав да запрам, но со моето колено ми е навистина тешко. Болката е преголема…Не знам што повеќе можам да направам.” Прашана дали ова е нејзина последна трка после Кортина таа вели “Мислам дека е последна но, морам да размислам за тоа.”
Vonn се врати од повредата во Cortina d’Ampezzo каде досега има 12 победи на трки во Светски Куп. Таа заврши на девето место во спуст во Саботата.
“Навистина сум благодарна што успеав толку долго да се натпреварувам како досега,” таа изјави на репортерите.
“Не сум сигурна дали ќе одам во Garmisch” . “Не сум сигурно дали можам да продолжам понатаму…Навистина треба да ги помислам работите следниве неколку дена и да донесам неколку тешки одлуки.”
Откако за прв пат го искина вкрстениот лигамент во 2007 година, Vonn претрпе неколкукратни повреди на колената. Таа дури ја пропушти Олимпијадата во 2014 во Sochi заради посериозен проблем со коленото кој го влече и менаџира се уште. Vonn која се натпреварува од седум годишна возраст, ја има освоено титулата на Светски Куп четири пати.
Таа стана најстарата жена алпски скијач која освоила Олимписки медал со бронзата во спуст лани во Pyeongchang. Американката Mikaela Shiffrin победи на Саботната трка во super-G. Таа има огромна предност од 596 поени пред Petra Vlhova на пат кон трета едно подруго титула од Светскиот Куп. Ова е 11та победа за Shiffrin сезонава во сите дисциплини а 54 та во кариерата. Се израмнува со Австриецот Hermann Maier на листата на победи на Светски Куп.
Успевајќи да искористи најмногу на оваа незгодна патека, Shiffrin финишира со 0.16 секунди предност пред Tina Weirather од Liechtenstein.
Токму Vonn го држи рекордот со 12 победи во Cortina додека на Shiffrin ова беше прва победа на италијанскиот центар.
Vonn беше една од повеќето скијачки кои не ја завршија трката на Super-G патеката. Vonn погрешно ја процени линијата откако излезе од сенките, погоди една капија и беше присилена да запре.
Словенката Ilka Stuhec, која се најде на подиумот претходниот ден исто така излезе од Super-G трката. Вкупно единаесет натрпеварувачи не ја завршија трката.
skimacedonia

