Зимско издание на фестивалот „When in Krusevo“

IMG_20190121_130247_krusevo ski centar stanic hotel panorama spa krusevo korija

Од 8 до 10 февруари во Крушево ќе се одржи по прв пат зимската варијанта на фестивалот „When in Krusevo“ („Кога си во Крушево“).

Ова е зимско издание на фестивалот по огромниот интерес што предизвика летоска. Уникатниот фестивал на отворено „When in Krusevo“ во зимски услови ќе понуди снежна забава и авантура низ прекрасната крушевска природа во снежно руво.  Фестивалот вклучува: чист воздух, фото тура, рекреативна пешачка тура, можност за обука за скиење и санкање, зимски тандем параглајдинг, дегустација на вкусни крушевски специјалитети и луда забава, најавуваат организаторите. Летното издание на фестивалот се одржа кон крајот на јуни и почетокот на јули 2018 година и на него учествуваа гости од повеќе земји.

0190122-090343_krusevo ski centar stanic hotel panorama spa krusevo korija

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки