Можеме се да надминеме

2198919-45916690-2560-1440 Lindsey Vonn

Во интервју скијачката Lindsey Vonn – ја открива внатрешната борба и порив за победа над препреките.

 ‘Можеме се да надминеме.’

Првата американка што освои олимписки златен медал во спуст даде едно чувствително интервју за Time magazine.

Мојот татко беше скијач. Додека растев ќе ме поткупеше или се обидуваше да ме поткупи со топло чоколадо и шарени крофни, но што и да направеше — му успеваше. Како дете секогаш бев предводник на група. Почнав со натпревари на седум години и веќе на девет години знаев дека сакам да станам скијачка иако скијањето не беше застапено многу на тв. Но откако ја запознав неверојатната скијачка Picabo Street во Минесота (Олимписка скијачка од САД), му кажав на татко ми за идејата дека сакам да настапам на Олимпијадата и направивме план.

На почетокот не бев многу добра. Бев навистина бавна, а мојот тренер ми се потсмеваше и на шега ме викаше желка. Но откако сфатив дека не сакам порази почнав да се забавувам со тоа и почнав со успеси.Во многу спортови, варијаблите се некако надвор од твојата контрола. Со скијањето, ја контролираш твојата брзина. Никој не ме успорува или ме приморува да забавам и да возам по удолница со 130km/h. Можам да ја нагазам педалата за гас и доле до крај ако сакам. Тоа чувство највеќе го сакам кај скијањето – слободата и можноста да се впрегнеш до максимум.

На Олимпијадата во Ванкувер во 2010г, почувствував дека конечно знам како најдобро да скијам и како да настапам на највисоко ниво во такво светско натпреварување. Но потоа како ја пропуштив Олимпијадата во 2014г ми стана многу тешко. Тоа требаше да биде пикот на мојата кариера бидејќи многу се трудев и се вложив во 2013 година да се повратам од повредата на скршена нога и искинати лигаменти — а потоа кога повторно се повредив некој месец пред Олимпијадата ми беше катастрофално.

И во тој период, се прашував во стилот Што правам сега? Дали само ќе се кревам самата и паѓам повторно ? Но имав добра поддршка окулу умене и систем кој ме потсетуваше зошто го правам сето тоа — го сакам скијањето. На крај на денот, скијањето е луд спорт. Во даден момент секако ќе се удриме и треснеме.

Без разлика на каква препрека ќе наидеме доколку се бориме да работиме континуирано и не се откажуваме, можеме се да надминеме. Мојата мајка имала срцев удар кога ме раѓала и чуствувам дека сите мои повреди не се ништо во споредба со тоа што таа го поминала. Можело да биде многу полошо и мајками никогаш не се жали. Па јас си молчам и затоа продолжувам да работам колку можам повеќе.

На крајот искуствата со сите препреки ме научија како да станам посилна и да го дадам најдоброто од себе со желба да бидам инспирација и за други.

Најдоброто од себе и крајниот фокус во вашата работа – тоа е најважното.

 

 

12801616_Lindsey Vonn skiiing fis

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки