Термин 25 јануари, промотивно до 15 ноември ќе биде по цена од 359 евра (сместување, превоз и ски карта) Следи настан
Надвор од гужвите на ултра комерцијалните центри, Serre Chevalier е потивка ски дестинација, ски центар за “витези и дами”, за сите кои сакаат да уживаа во средновековниот шарм и амбиент на Југо-Источните Алпи Hautes-Alpes. Зоната се наоѓа во благо медитеранско подрачје со голем број сончеви денови во текот на годината, кои не и пречат на снежната покривка, која се задржува до пролетта. Поголем дел од центарот е свртен кон север па останува доволно студен за да го држи снегот во добра кондиција. Ски центар опкружен со шумски појас но и добри фрирајд зони, на висина од 1200 до 2800 метри.
Во долината на ски центарот сместени се четири населби, една од нив е Briancon средновековен град, со тврдини и средновековни катедрали сместен на 1200 метри надморска висина, воедно и најголемо градче во Европска унија позиционирано на највисока надморска висина. И токму тука е базата на ски групата која ќе одлучи да скија во Serre Chevalier,сместувањето во Le Signal du Prorel.
FIRST MINUTE ЦЕНИ. ВАЖАТ ДО 15 НОЕМВРИ 2018!
| RESIDANCE – SIGNAL DU PROREL | |||||
| Бр. на кревети: | 6 | 5 | 4 | 3 | 2 |
| Студио 1/4 | 359€ | 399€ | 469€ | ||
| Апартман 2П 1/6 | 359€ | 379€ | 429€ |
Центар е опкружен со шума, борови стари стотина години. Патеки кои имаат должина од 250 км каде доминираат сините патеки со повеќе од пола површина, остатокот се црвени и црни, а шеесте и кусур лифтови, жичари и гондоли ќе ви овозможат брз трансфер до секоја точка.
Во делот на Croix de la Norа и Cucumelle постојат големи тераси за релаксација, пикник, многу сонце и прекрасен поглед, покриени со wi-fi мрежа.
Имајќи во предвид дека тоа е гратче со постојани жители, има поголем избор на ресторани и продавници, како и прифатливи цени за нашиот стандард, иако сепак тоа се Француски Алпи.
Дополнително, заради зголемениот интерес за Alpe d’ Huez, ќе оди уште еден автобус во истиот термин со останатиот дел од групата. Автобуските места за Tignes & Val d’Isere се веќе пополнети и останува варијанта за неколку апартмани со сопствено превоз. Последната тура на која се оди во Val Thorens е закажана од 1 до 10 февруари 2019, цената е 489 евра со вклучен превоз, сместување и ски карти. Цените се first minute понуда, а бројот на слободни места е исто така ограничен.
skimacedonia





