Божиќ во Франција – Les2Alpes Јануари 2020

656_les-2-alpes_2020 nehar travel skimacedonia

Период 10 – 19 јануари 2020

Les 2 Alpes втор најстар ски центар во Европа после Chamonix, со ски патеки на еден од највисоките глечери на висина од 3600 м, патеки на кои се скија и во лето. Гратче со околу 2000 жители, сместено на 1650 метри, бројни ресторани и барови за забава во текот на целиот ден.
Les 2 Alpes е познат и по тешката црна стаза (Grand Colouire), перфектно средените долги и широки стази за сите нивоа на скијачи, одлични за вежбање и усовршување на техники. Snowpark 3200. Нуди одлични услови за скијање off piste за љубителите на freeride.
Les 2 Alpes е омилен меѓу младата популација заради својот ноќен живот и најдобри Apres-ski-party. Забавата почнува околу 15 часот во Pano Bar на скијалиштето, а од 17 часот се сели во самиот град, завршува во дискотеката Avalanche до раните утрински часови (како на кого му држи).

Технички карактеристики

Највисока излезна станица: 3558 м, базна станица 1280 м.
Висинска разлика на скијалиштето: 2278 м.

Ски патеки:

  • 93 максимално средени ски патеки со вкуна должина од  225 км  (1200 ха), free-ride терен:765 ха.
  • 19 зелени патеки, 43 плави патеки, 19 црвени патеки, 11 црни патеки
  • 78 (35%) отпаѓа на плави и зелени патеки, 103 km (45%) се црвени патеки, a 44 km (20%) црни патеки.
  • Cross county патеки: 25 km.
  • Глечер  Les 2 Alpes  работи во текот на цела година.
  • Off-piste: Извонредни услови за free-ride.  Посебно теренот  La Grave,  наменет исклучиво за  нив.

Програма:

1 ден-петок, 10.01.2020. СКОПЈЕ – LES 2 ALPES: Состанок на групата на паркингот кај спортската сала “Борис Трајковски” во 07:00 часот. Поаѓање за LES 2 ALPES.   во 07:30 часот. Се патува преку граничниот премин Tабановце. Патување преку Србија, Хрватска, Словенија, Италија, со попатни паузи и гранични формалности. Ноќно возење.

2 ден-сабота 11.01.2020.LES 2 ALPES : Пристигнување во попладневните часови и сместување во апартманите. Слободно попладне за запознавање со местото. Ноќевање

3–8 ден 12-17 јануари 2020. LES 2 ALPES Шест дневно скијање во LES 2 ALPES. Ноќевање.

9. ден-сабота 18 јануари .2020 LES 2 ALPES – СКОПЈЕ: Напуштање на собите до 10:00. Поаѓање за Скопје со попатна посета на еден од најголемите шопинг аутлет центри во Италија – VICOLUNGO, непосредно пред Милано.

10 ден – недела 19.01.2020. СКОПЈЕ: Пристигнување во  попладневните часови.

800_Les2Alpes-skimacedonia

 

les2alpes nehar travel skimacedonia

Во цената е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобус со LCD TV, DVD на релација Скопје – LES 2 ALPES – Скопје.
  • 7 дневно сместување во одбрани студиа / апартмани според ценовникот во LES 2 ALPES.
  • 6 дневен скипас за стазите на LES 2 ALPES*.
  • Бесплатен влез, еднаш дневно на лизгалиште, со вкл. 6.дневен ски пас (лизгалки не се вклучени).
  • Бесплатен влез, еднаш дневно во базен, во центарот на ресортот.
  • Ски водичи за време на целата тура кои престојот ќе ви го направат попријатен.

Во цената НЕ Е вклучено:

  • Задолжително патничко осигурување со вклучен додаток за спортско скијање: 525 денари.
  • Туристичка такса од 1-2,53 на ден по лице. Се плаќа на лице место.
  • Ски карта за Ски пас : 2 еврасе плаќа на лице место задолжително. Неповратно.

Детали за сместувањето овде

 

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки