Tag Archives: качување

Време е за REEL ROCK 11!

RR11

Време е за овогодинешната доза врвно качување и бескомпромисен алпинизам! Оваа есен REEL ROCK стугнува до бројот 11 со најновата колекција на возбудливи качувачки филмови кои ги прикажуваат најинтересните приказни и најголемите атлети во рамките на спортот. Петте нови филмови ќе ви донесат возбудлива акција, патувачки истражувања низ светот, голема смеа и вистинска инспирација. Филмовите кои ќе ги уживате во …

повеќе »

Аутдор ритуали

riatuali

Ритуалите се почетоци. Без оглед на контекстот, тие имаат за цел да подготват, да обезбедат познати постапки кој можеме да ги извршиме без размислување и кој ќе не однесат во некоја антиципирана состојба на постоење. Ние се потпираме на овие обреди, на некои моменти повеќе отколку на други. Дали и вие практикувате некој свои ритуали?

повеќе »

INTERNATIONAL OUTDOOR FESTIVAL – Демир Капија 2016

DK fest 16

Спортскиот клуб Клисура заедно во соработка со Општина Демир Капија уште еднаш ве поканува на незаборавно дружење во природа на INTERNATIONAL OUTDOOR FESTIVAL – DEMIR KAPIJA 2016. Фестивалот ќе се одржи од 13 до 15 Maj 2016. Место за Фестивалот се наоѓа во уникатната природна убавина во регионот на општина Демир Капија која што е идеална за сите спортови и …

повеќе »

Качувачки фестивал во Демир Капија по седми пат

DK festival

Македонската Спортско Качувачка Федерација и Качувачкиот клуб “АСТИБО“ Штип по седми пат го организираат Качувачкиот фестивал во Демир Капија, кој овојпат ќе биде во исто време, односно во заедничка организација со “Outdoor” фестивалот во Демир Капија, од 13 до 15 Мај 2016 година. Програмата на качувачкиот дел е следната: Петок, 13 Мај: • 17.00 – 23.00h – Регистрација во ресторан …

повеќе »

Отворање на Спортко качувачкиот стадион Карпош

1174254_10201847844143021_1027515308_n

На 22.04.2016 (петок) со почеток во 17 часот ќе се отвори новата сезона за качување на Спортко качувачкиот стадион Карпош. Отворањето ќе биде проследено со забава, надополнета со болдер маратон на кој ќе можат да се пријават сите лиценцирани спортски качувачи. За забавата ќе се погрижат Dj IRIESCRATCH и DJ ChrisMcCroe, како и Red Bull Macedonia и Juice Bar. Се друго …

повеќе »

Алпинистички собир „Македонски алпинистички великани“ 2016

alpinisticki velikani

Македонската Алпинистичка Федерација, и оваа година го организира традиционалниот алпинистички собир на Матка, „Македонски Алпинистички Великани“, кој ќе се одржи за време на викендот 7/8 мај. Ова е еден од најважните собири за алпинистичката заедница во нашата земја, кој традиционално, со децении наназад се организира за време на вториот викенд од месец мај и кој ги привлекува алпинистите од сите алпинистички клубови …

повеќе »

Пристап до непристапното

corporate-access-the-inaccessible-mosaique

Еден од најпознатите брендови за опрема за качување или вертикална работа Petzl го објави своето ново промотивно видео во кое може да се погледнат успесите постигнати со нивната опрема, a oпфаќаат разни искачувања, експедиции, спасувања, рабоат на висина, од пештерските експедиции во Папуа Нова Гвинеја, па се до брзинскиот рекорд при искачувањето на Матерхорн и Ајгер на Ули Штек. „Мисијата …

повеќе »

III Цветен Качувачки Фестивал – Кадина пештера

kadina

На 19 и 20 март во оргаизација на СКК Екстрем и Карпош од Скопје повторно ќе се одржи Цветен Качувачки Фестивал на качувачкиот локалитет Кадина пештера, каде со качување и други аутдор активности достоинствено ќе се дочека официјалното пристигнување на пролетта, најубавото годишно време кога станува збор за оваа активност. Фестивалот има за цел качување, забава, дегустација на најдобар донесен десерт (колач, торта, кекс, …

повеќе »

Уште едно видео во најава за програмата на REEL ROCK 10

petzltour1

Еден од овогодинешните качувачки аспекти прикажани на REEL ROCK 10 е и болдерингот, претставен преку хајбол болдерингот во филмот ВИСОК и МОЌЕН. Претставувајќи ги локалните аспекти на болдерингот, не може а да не го претставиме најголемиот настан кој изминатава година се случи во Прилеп, (најголемиот болдеринг локалитет во регионов) PETZL ROCK TRIP. Се работи за патувачка турнеја на фирмата PETZL …

повеќе »

Најавуваме уште еден настан од програмата на REEL ROCK 10

dejanovic

Доколку REEL ROCK се однесува на најголемите достигнувања на планината и карпите за изминатата година воопшто, а дококoлку дел од програмата се однесува и на локалните достигнувања, тогаш без сомнение мора да го претставиме и најгoлемиот успех во високогорството и хималаизмот кај нас, искачувањето на Анапурна кое нашиот најголем хималаист Здравко Дејановиќ го направи изминатата година. Се работи не само …

повеќе »
Оди на лентата со алатки