Македонската Спортско Качувачка Федерација и Качувачкиот клуб “АСТИБО“ Штип по седми пат го организираат Качувачкиот фестивал во Демир Капија, кој овојпат ќе биде во исто време, односно во заедничка организација со “Outdoor” фестивалот во Демир Капија, од 13 до 15 Мај 2016 година.
Програмата на качувачкиот дел е следната:
Петок, 13 Мај:
• 17.00 – 23.00h – Регистрација во ресторан “Кучкин“во ДК. Со
регистрацијата сите учесници независно дали ќе се натпреваруваат
или не добиваат маичка;
Сабота, 14 Мај:
• 07.00 – 19.00час – “Rock Trip“натпревар на сите спортско качувачки
насоки во Демир Капија, со една и повеќе должини. Исто така моќна е
регистрација и на овој ден ама во секторот Хамбургербер Берг.
• 18.00 до 20.00часот – доставување на качувачките картони во
ресторан Кучкин.
Забелешка: По 20.00часот нема да може да се предадат качувачките
картони.
• Прогласување !
Недела, 15 Мај:
• 10.00час – старт на “Big Wall speed“ натпреварот во секторот
Хамбургер-берг на долгите насоки на Малчик Палчик, 3 до 4 должини
на јаже.
• Прогласување!
Напомена: Сите учесници на качувачкиот фестивал треба да потпишат Изјава
за учество !
Контакт на организаторот:
Лазар Петковски: +389 78 214 501 и Јован Иванов: +389 78 548 248
E-mail. lazar.petkovski@gmail.com and yo.van.climb@gmail.com
ПРАВИЛА ЗА “ROCK TRIP” НАТПРЕВАРОТ
• Старт од 7.00 до 19.00 часот;
• Партнерите можат да ги качуваат сите спортско качувачкии насоки на
Демир Капија со една и повеќе должини на јаже.
• II категории:
I категорија качува насоки до 6c+ тежина;
II категорија качува насоки од 7a тежина па нагоре;
• Еден пар има еден качувачки картон, во кои има графи за впишување
која насока е качена без пад и колку поени носи според тежината;
• Пресметувањето на поените е за секој качувач поединечно;
• Се важи искачена насока без пад, независно колку пати е предходно
пробувана. Една насока носи поени само еднаш;
• Паровите можат да бидат мешани, машки и женски;
• Победник е еден качувач, не парот;
• Независно дека се пар, секој качувач може да биде во различна
категорија;
ПРАВИЛА ЗА “BIG WALL SPEED” КАЧУВАЊЕ НАТПРЕВАРОТ
• Само тим составен од 2 качувачи може да учествува. Тимот може да
биде мешан, машко и женско;
• Качувањето започнува односно времето се стартува на знак на судијата
и тогаш стартува првиот качувач од наврската, а времето се стопира кога
вториот качувач ќе дојде до крајот на насоката и ќе зазвони на звоното;
• Задолжително е носење заштитна кацига;
• За време на качувањето, качувачите можат да ја менуваат позицијата на
водство;
• Симултано качување е забрането;
• Само слободно качување е дозволено. Влечење за комплети е
забрането. Доколку ова се случи, ми се мери висината до каде е фатен
комплетот;
• Качувачите качуваат со свои комлети, ги вкопчуваат и ги собираат при
качувањето;
• Мора да се вкопча секој клин;
• 10 секунди плус за секој не вкопчан клин;
• Доколку 3 клина не се вкопчани, тимот се исклучува од натпреварот и
веднаш му се забранува да качува;
skimacedonia
