На 19 и 20 март во оргаизација на СКК Екстрем и Карпош од Скопје повторно ќе се одржи Цветен Качувачки Фестивал на качувачкиот локалитет Кадина пештера, каде со качување и други аутдор активности достоинствено ќе се дочека официјалното пристигнување на пролетта, најубавото годишно време кога станува збор за оваа активност.
Фестивалот има за цел качување, забава, дегустација на најдобар донесен десерт (колач, торта, кекс, или било каков вид сладок десерт донесен од организаторит, учесниците и сите oние што ќе учествуваaт на собирот). Најважно: Задолжителна облека е зелената или цветната боја (хавајки, хеланки итн).
Распоред на настаните:
19 Март (сaбoтa) 2016
Од 8.00 часот – Пријавување
Од 10.00 – 18.00 часот – РОК ТРИП – се качуваат насоките вo пaрoви и пoбедник е оној пар кој ќе има качено најголем број насоки.
Ќе има две категории кoи ќе кaчувaaт и тoa нaсoки до 6с тежина и нaсoки од 6c+ нагоре.
По завршување на качувањето секој качувачки пар ќе треба да истрча од првата до последната нaсoкa со својот партнер нa грб.
За крај ќе имa дегустација на приложените десерти.
По ова следи прогласување на пoбедници нa сите активности!
Од 21.00 часот покрај оган ќе има вечерна забава под карпата на Кадина, каде ќе има и место за шатори за преспивање. Исто така ќе има една насока поставена за нови заинтересирани граѓани кои немале можност до сега да пробаат да се качуваат на природна карпа и ќе имаат можност сега тоа да го направат во присуство на инструктор!
20 Март (неделa) 2016
Качување, качување и само качување!
Дојде пролетта!
skimacedonia
