
Еден од овогодинешните качувачки аспекти прикажани на REEL ROCK 10 е и болдерингот, претставен преку хајбол болдерингот во филмот ВИСОК и МОЌЕН. Претставувајќи ги локалните аспекти на болдерингот, не може а да не го претставиме најголемиот настан кој изминатава година се случи во Прилеп, (најголемиот болдеринг локалитет во регионов) PETZL ROCK TRIP. Се работи за патувачка турнеја на фирмата PETZL и нејзините атлети, кој поминувајќи повеќе земји во регионот (Романија, Бугарија, Грција, Турција), пристигнуваат и во Прилеп, покажувајќи ги своите способности на цврстиот гранит на многубројните болдери расфрлани по падините околу Прилеп, секако пропратено со добра забава. Како качуваа најсилните атлети на PETZL ќе погледнеме преку двете видеа Petzl RocTrip 2014 Prilep, кој ќе ги погледнеме во локалната програма на REEL ROCK 10.
Ова е последното видео во најава во локалната прогрма, а деновиве ќе ја објавиме и целосната програма на REEL ROCK 10.

skimacedonia

