ТРАНСВЕРЗАЛА МАКЕДОН

transverzala makedon

ПК Македон организира

Отворена дводневна акција – ТРАНСФЕРЗАЛА МАКЕДОН и искачување на врвот Солунска глава 2500 м.н.в.
17-18 октомври 2015

ПК Македон продолжува со есенските активности. Конечно, ќе се реализира и трансферзалата Македон.
Трансферзалата Македон е во должина 51,4 км. И започнува од село Ореше – с.Папрадиште – пл.дом.Чеплес – Солунска Глава – Бегово Поле – пл.дом Караџица – Преслап. Се работи за интензивна дводневна тура која треба да го помине целиот масив Мокра т.е. цела централна Македонија низ планината Јакупица. Поставена е од планинарскиот клуб Македон 2013-та година, а по неколку години пауза ќе се повтори по втор пат. Во рамките на турата ќе биде изведено и повторување на маркациите на дел од рутата каде маркациите поставени од ПК Македон на првото искачување на трансферзалата се нејасни или избледени. Турата е дел од аутдор активностите на овогодинешниот REEL ROCK 10.

* * *

Турата започнува од селото Богомила од каде се упатуваме кон селото Папрадиште. Од тука започнува искачувањето кон планинарскиот дом Чеплес (2 часа искачување), каде се преспива. Вториот ден, недела, е најинтензивен и се поминува најголем дел од рутата. Се искачува врвот Солунска глава (3 часа искачување), а од таму се спуштаме до планинарскиот дом Караџица (4 часа пешачење). Потоа се спуштаме до Преслап од каде со комбиња се враќаме во Скопје.

Превозот до Богомила е со воз (времето на тргнување дополнително ќе се дефинира), а враќањето кон Скопје со комбе (цената за превозот дополнително ќе се дефинира). Спиењето е во домот Чеплес. Облеката да е прилагодена за пешачење и на дејство од променливи метеоролошки услови – дожд и ветер. Од опрема задолжително да се понесат солидни планинарски обувки, капа, ракавици и јакна/кабаница поради променливо време. Исхраната е од ранец.

Турата е интензивна и долга и спаѓа во тешки тури. Секој учесник одговара за својата психофизичка состојба. Учесници можат да бидат планинари кои имаат доволно кондиција и физичка спремност за интензивни тури и претходно планинарско искуство. Организаторот го задржува правото за промена на турата поради различни причини. ПК Македон обезбедува свои водичи на турата. Турата е отворена и за членови на други планинарски друштва или за ентузијасти или планинари кои не се членови на планинарско друштво. Други планинарски друштва кои се приклучуваат на турата се должни да обезбедат свој водач. Секоја промена или откажување на учеството на турата да се пријави кај организаторот.

Пријавувањето на турата е задолжително и се извршува по емаил на tonidimitrov@gmail.com. Рокот за пријавување е најкасно до петок 16 октомври 2015. Доколку некој учесник не се пријави за него нема да биде обезбедено место во комбе за враќање кон Скопје. Времето на поаѓањето од железничката станица во Скопје ќе биде дополнително објавено.

transverzala makedon 1

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки