Многумина не се свесни дека во големите котлини на некои стотина метри над нив постои чисто небо , многу сонце и свеж кислород. Неколку фотографии кои ги направивме денес од врвот на Водно, околните планини и врвови над 1000 метри стојат како острови над студената маса легната во котлините. Сите оние кои имаат послободно време, барем во скопскиот регион, користете ја гондолата за да го поминете денот на пријатно декемвриско сонце, нејзино последно возење е 16:45 за враќање надоле под маглата во скопската варијанта на Мордор.

