Schmidhofer уште еднаш го освои Lake Louise
Познатата брзинска скијачка од Австрија, Nicole Nici Schmidhofer уште еднаш фаќа ритам рано во сезоната со победа во спуст на вториот ден од ФИС ски настанот во Lake Louise откако победи и на трката во спуст во 2018г.

Ѕвездата во Алпско скијање Mikaela Shiffrin заврши втора на подиумот заостанувајќи само за 0.13 seconds зад Schmidhofer. Италијанката Francesca Marsaglia долета на трето место од стартен бр.22, за нејзин прв подиум на Светскиот Куп со свои 29 години. За Schmidhofer која е позната и како рекордерка по speed skiing во развивање на екстремна брзина при скијање, ова е четврта победа во кариерата на Светски Куп а веќе трета токму на Lake Louise. Специјалистот во техничко скијање, Shiffrin како да наглевуа се повеќе и во брзите дисциплини. За Shiffrin ова е четврти подиум во спуст во кариерата на Светскиот Куп. Ester Ledecká од Чешка, која беше изненадувачки победник во Петокот на првиот спуст овојпат заврши на солидно четврто место и за влакно го промаши подиумот.
skimacedonia
