Кирковски се јави од Aconcagua

Александар Кирковски се јави од Aconcagua , ја искачи за 9 часа 52 минути. Постави првични рамки за брзински рекорд кој сигурно нема да биде лесно некој регионално туку така да го надмине. Кирковски повеќе години наназад ги гради и поставува насоките на движење на планинарите од новото време. Иако е во зоната на планинското трчање, сепак регионално демонстрира и дава пример каде е отидено планинарството во светски рамки.

Времето за искачување на 6962 метри високата Aconcagua е мерено од базниот камп Плаза де Муса, време од 9 часа 52 минути во кои е вклучено и враќањето назад.

“Не беше се така лесно, а во одреден момент и под знак прашалник поради проблеми со мрзнење на стапалата. Го дадов својот максимум, физички и психички најдоброто од себе во овие околности. Благодарам на сите кои придонесоа ова да се случи, ќе ги набројувам во наредна прилика. Имаме пионерски потфат во балкански рамки и резултат вреден пошироко, направен со години труд и ентузијазам. Нека биде мотив за многу идни генерации планински спортисти! Јас со љубов го посветувам на Natalija Krstevska за целата поддршка во минативе над 5 години, а истовремено и на големите пријатели од планината КАЛИНА и АЧКО кои прерано не напуштија минатиот фебруари. Ми беа во мислите! ” искоментира Кирковски на социјалните мрежи.

52144326_aleksandar kirkovski aconcagua planinsko trcanja rekord brzinski

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки