Македонските сноуборд клубови се поактивни и поуспешни во своето делување. Од 8 до 10 февруари, учествуваа на натпревари во Витци, Грција каде се одржаа 3 Фис натпревари во сноуборд, дисциплина велеслалом. На трките настапија вкупно 14 македонски сноубордери од четири клубови, Полар , SSNL , XMKD и Пелистер. Македонските натпреварувачи освоија значајни фис поени и повеќе подиуми,кои ќе им користат во понатамошните учества и натправари. Постигнати се следниве резултати:
ПОЛАР Скопје:
– Ева Башовска (12 години) – 3 први места
– Марко Петровски (13 години) – 3 први места
– Ведран Лауренчиќ (14 години) – 1 трето место
– Максим Циговски (14 години) – 1 четврто место
Фис Категорија:
– Ема Станковиќ (15 години) – 1 четврто место и 1 петто место
– Неда Добреска (17 години) – 1 второ место и 2 трети места
– Бојан Андонов – 1 петто место и 2 деветти места
– Кирил Насков – 2 шести места и 1 седмо место
ПЕЛИСТЕР Битола:
– Евгениј Ристовски (9 години) – 1 второ место
– Андреј Мушуланов (8 години) – 1 петто место
– Анамари Мушуланова (11 години) – без пласман
SSNL Битола:
– Иван Георгиев – 1 осмо место, 1 седмо место и 1 десетто место
– Марко Дарков – 2 единаести места
XMKD Скопје:
– Александар Кацарски – 1 прво место и 2 втори места
– Томас Дебаловски – 1 десетто место, 1 осмо место и 1 четиринаесто место
– Горијан Кавраков – 2 дванаести места
– Сања Спасовска – 3 први места
skimacedonia





