Ски и сноуборд штитници за тело

back-protector 100

Иако не постои релевантен податок кога се појавиле првите протектори за заштита на скијачите, сноубордерите и сите оние кои ги практикуваат снежните спортови, може да се земе некој провизорен тајминг , кога се и појавил восокот за скии, а тоа е периодот од 1761та година во Лапонија и човекот кој го измислил и применил, а неговото име е Јоханес Шефер.

Постојат различни типови на протектори за заштита од повреди при скијање и бордање и истите штитат помала или поголема површина од телото. Типот на протекторот ( штитникот) може да биде помека или поцврста варијанта. Најчесто се состојат од композитни материјали и синтетички материјал одвнатре со сунѓер, лепенки видови на композитна пластика или карбон. Во оваа група на протектори би ги спомнале најнеопходните односно основните, заштита на главата (кацигата) и штитник за грбот и бутовите.

Во групата на додатни протектори кои најчесто ги користат сноубордерите, како и другите екстремни изведувачи:

  • Штитник за потколената
  • Штитник за лактите
  • Штитник за колената
  • Штитникот кој ги офаќа бутовите, половината,преден дел и заден дел од телото

Во задолжителни протектори за кој се донесе закон , заради безбедност и заштита во зимските спортови е кацигата на главата.

Изработени од композитни материјали , а внатрешниот дел е изработен од сунѓер или мемори пена, кои овозможуваат заштита од удари, нагмечувања и слично. Некои кациги имаат преден штит за заштита на вилицата или full face протектор. Секоја кацига поседува каивче со кое се стега главата под брадата, а дополнително имаат и пластичен штраф која ја лепи кацигата на целата глава и дава правилна форма и потпора на вратот од оптоварувања.

Задолжително кога ќе купувате протектори, внимавајте на димензиите да бидат со соодветната големина, пробајте, консултирајте се со поискусни од вас или директно со продавачот.  Протекторите треба да штитат соодветна и поголема површина од вашето тело. Пред почетокот на сезоната проверете ја нивната исправност, па и димензија, можеби во меѓувреме сте ги надраснале. Одржувајте ги хигиенски исправни по завршеток на сезоната, со цел да избегнете непријатна миризба, алергии.

Користете ги попустите кои обично се на опашката од сезоната, со цел поевтино да поминете, да заштедите.

Внимавајте на брендот кој е од исклушителна важност заради квалитетот на материјалите и заштитата на вашето тело, се разбира во зависнот од можностите, односно буџетот.

Spine-VPD-Air-Vest-P_20450_1553 Mons rear scott-back-protector

За Ridan Andreev

Short skis enthusiast, snow and nature lover, Mavrovo is my home base.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки