Зимски записи: Турно прошетка до врвот Плат 2398м

Во насока на доближување на дивината и кислородот до урбаниот бетон и загадените градови, проследете еден свеж интересен запис од Александар Зарапчиев дел од outdoor заедницата кои планината ја сметаат за свој дом и негуваат интересн стил на живот, длабоко во планините…. 

Плат е преубав врв кој се наоѓа помеѓу еден од најубавите предели на Шара до Горна и Долна Лешница. Стрмно се издига над реката Пена и Лешничка река од другата страна. Гледа многу јасно кон Кобилица на север-исток, Церипашина, Карабунар, Бакардан, Титов врв на југо-запад, врвот Среден Камен кој во алпски стил се извива над Лешница и е како на дланка, сите овие врвови се многу близу и гледката е здивоземачка, а само малку подалеку од ова го гледате речиси целиот гребен од Црн Врв до Мал Турчин, секако и околните планини се јасни и убаво видливи поради височината од 2398. Но сепак, околината е она што го прави овој врв посебен и преубав.

ski touring shar mountain plat ceripasina jelak
Среќни деца на Плат со Лешница и врвот Среден камен во позадина

Многу пати сум поминал покрај врвот и пеш и со велосипед па и со турно, но никогаш не се имав качено на него се досега. Некако секој пат имав друга дестинација и само го одминував преку седлото кое води до него, или под врвот во густата шума. Новите снежни наноси направија убави услови за слобoдно скијање на местата каде не секогаш има добар и квалитетен снег. Во новата сезона почнавме да скијаме од врвот Церипашина кон Попова Шапка, и полека да се префламе на северот на Церипашина кон стариот дом Јелак, од каде се отвора видикот према Плат. Една недела од како падна последниот снег, копнеевме да се искачиме на врвот и да пуштиме некоја од рекрасните линии.
Спонатно се почна муабет за скијање во сабота на Плат, Хекуран Зекири, организираше и не мобилизираше за да успееме да скијаме во најголема група до сега од 15 скијачи (6мина со сплитборд и 9мина со скии). За среќа успешно и безбедно како за толку голема група. Имавме неколку варијанти како да пристапиме но на крај се одлучивме да одиме со старт на Попова Шапка, преку Церипашина, Антени, Син Врв, за преку Казани да се пуштиме до седлото под Плат и отаму да го качиме врвот Плат, па се пуштиме источно кон Првомајското бачило и од таму по пат што води до Лешница назад до Попова Шапка. Одлично смислена тура, не многу тешка со убава панорама поголемиот дел од движењето и со многу скијање и не толку тешко пробивање низ снегот, поголемиот дел од турно движењето беше по убав терен.

ski touring shar mountain plat ceripasina jelak 1

Увертира во скијањето беше пуштањето од Казани кое ја подгреа атмосферата и не стопли со адреналин после поминатите два часа на гребенот високо со температури до -20. Ретко студен ден! Се спуштивме до под Плат откаде повторно наместивме опрема и турно го искачивме врвот, многу побрзо и полесно од што очекувавме, и каде попат не затекна сосема инаква атмосфера, поштедени од ветар и со силно светнато сонце над нас кое ни помогна да се повратиме од студот претходно и да се спремиме за искачувањето и гледките кои не чекаа на врвот, и секако пуштањето од врвот за кое бевме дојдени. Врвот беше скијан од туристи на Eskimo freeride сервисот но за среќа имаше останати линии за нашата група.
Навистина е претешко да се опише чуството кое го доживавме спуштајќи се по недопрени предели на овој врв, со голема денивелација на стрмен терен и најважно по фантастичен прашкаст снег. Веројатно целото искуство заедно со искачувањето, гледките, спушатањето и доброто друштво ми се врежаа како едно од најдобрите до сега.
Од таму следеше враќање кон првомајското бачило со околку 2 часа до северот на Церипашина близу стариот дом Јелак по што повторно се спуштивме до Попова Шапка, и тоа последните од нас веќе по темница, но за среќа со осветлен снег од  тукушто излезената полната месечина.
Ќе се обидам да ви доловам дел од искуството преку сликите кои ги направивме.

Турно екипата
Турно екипата
ski touring shar mountain plat ceripasina jelak 355
Мартин Пановски кон син Врв
Среќни деца на пауза помеѓу син Врв и Казани. Карабунар, Бакардан впечатливо во позадина
Среќни деца на пауза помеѓу син Врв и Казани. Карабунар, Бакардан впечатливо во позадина
ski touring shar mountain plat ceripasina jelak 7
Последниот успон пред Казани
ski touring shar mountain plat ceripasina jelak 010
Време за спремање, проверка на опрема и концентрација пред првото спуштање кон седлото под Плат
ski touring shar mountain plat ceripasina jelak 4
Самиот пристап пред седлото на Плат беше доста комплексен и требаше внимателно да се најде безбедната линија за спуштање од врвот Казани. Подготовки и договор кон каде ќе се скија
ski touring shar mountain plat ceripasina jelak 001
Не случајно се маскирани, не смеело да се знае дека Битолчани на вакво убав ден се на друго место освен Пелистер 🙂 – Горан Кузмановски и Вања Атанасов
ski touring shar mountain plat ceripasina jelak 8
Метод, Мартин пред пуштањето на Плат, со Карабунар, Бакардан и Титов врв во позадина
Стадо диви Кози како трчаат надолу по гребенот под Плат
Стадо диви Кози како трчаат надолу по гребенот под Плат
ski touring shar mountain plat ceripasina jelak 011
Насмевката на тројцата кажува се за турата. Маја Мухиќ, Хекуран Зеќири и Методи Чилиманов
ski touring shar mountain plat ceripasina jelak 3
Неповторлива северна страна на Лешница односно врвот Среден камен, секогаш во фокусот на сите погледи
ski touring shar mountain plat ceripasina jelak 50
Елен (на сплитборд) се брка со искусниот Томица (на скии) беше уживање да се гледаат додека ја скијаат падината
ski touring shar mountain plat ceripasina jelak 511
Елен (на сплитборд) се брка со искусниот Томица (на скии) беше уживање да се гледаат додека ја скијаат падината
ski touring shar mountain plat ceripasina jelak 2
Во преден план гребент под врвот Син Врв, и во позадина линијата што беше пуштена под Плат
ski touring shar mountain plat ceripasina jelak 015
Последен поглед кон Плат (десно), среден камен (во средина нели 🙂 ) и најлево Казани
ski touring shar mountain plat ceripasina jelak 032
На враќање ни се појави месечина на хоризонтот поголема него било кога. На сликава неможе да се примети поради слабиот квалитет
ski touring shar mountain plat ceripasina jelak 090
Фамилија З и месечината
ski touring shar mountain plat ceripasina jelak 911
Елен и Хекуран со насмевката од миљон долари и Хана во рака
ski touring shar mountain plat ceripasina jelak 515
Последното пуштање кон Попова Шапка го изведовме во темница со помош на светлината од Месечината

Зимски турно записи од Блогот на Александар Зарапчиев

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки