
Ски центар Кожуф објави извeстување до јавноста дека во зимската сезона 2015/2016 нема да биде во можност да ја обавува својата основна дејност од причина што регионалниот пристапен пат Р112, е затворен за сообраќај.
Заради тоа, Одборот на директори од центарот донесе одлука во простанатиот дел од зимската сезона да се спроведуваат само Freeride операции.
Ски центарот располага со две ратрак машини Prinot Everest со кабини за 12 патници и еден Pisten Bully основен ратрак.
Freeride понудата ќе биде достапна од 1ви Февруари 2016 со претходно извршена резервација. Групите ќе бидат ограничени на минимум 8 до максимум 12 скијачи. Скијачите или сноубордерите треба да се со напредно познавање и треба да поседуваат основна опрема за заштита од снежни лавини (лопата и трекер). Цената на дневниот пакет по лице ќе изнесува 3.990 денари.
Повеќе информации на е-маил kozuf@mail.com или испратете порака на фејсбук страната.
skimacedonia